Фабио Ару

италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Фабио Ару
Remove ads

Фабио Ару (италијански: Fabio Aru; р. 3 јули 1990 ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[2] [3]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...

Ару има освоено етапи на сите три големи трки, вклучувајќи една етапа на Тур де Франс, три етапи на Џиро д’Италија и две етапи на Вуелта а Еспања. Тој е поранешен национален друмски првак од 2017 година. Покрај етапните победи, Ару ја носел водечката маичка на сите три големи трки.

Завршил трет на Џиро д’Италија 2014 и петти на Вуелта а Еспања 2014. Следната година, завршил втор на Џиро д’Италија 2015 пред да ја освои првата голема трка на Вуелта а Еспања 2015. Негов најдобар пласман на Тур де Франс бил петтото место на Тур де Франс 2017.

Remove ads

Кариера

Рана кариера

На 18 години се преселил на копното во Италија за велосипедска кариера во категоријата под 23 години.[4] Се приклучил на екипата Палацаго, каде ја освоил Џиро дела Вале д’Аоста на двапати (во 2011 и 2012 година). Во 2012 година, исто така завршил на второто место зад американскиот возач Џо Домбровски на Џиробио.[5]

Астана (2012-2017)

Ару станал член на екипата во средината на сезоната 2012 по четири поминати години со домашната екипа Палацаго во Италија. Во 2013 година завршил четврти во генералниот пласман на Џиро дел Трентино и го освоил пласманот за млад возач. Ја возел првата негова голема трка, Џиро д’Италија 2013, во поддршка на екипниот предводник Винченцо Нибали. Му помогнал на Нибали да ја освои трката, завршувајќи самиот на 42. место.

2014

На Џиро д’Италија 2014, Ару ја освоил петнаесеттата етапа и бил трет во генералниот пласман. На следниот негов Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2014, Ару ја освоил единаесеттата етапа која завршувала на нагорнина на Алто де Сан Мигел де Аралар, напаѓајќи од водечката група на еден километар пред целта.[6] Го повторил подвигот на осумнаесеттата етапа. Побегнал со Крис Фрум кон крајот на искачувањето и го претекнал неговиот соперник.[7] На крајот, завршил петти на Вуелта, на кој победил Алберто Контадор.[8] Ја завршил сезоната на италијанските есенски класици, завршувајќи четврти на Милано-Торино и деветти на Џиро д’Италија.

Thumb
Ару со црвената маичка на Вуелта а Еспања 2015.

2015

Во 2015 година, Ару стигнал до шестото место на Волта а Каталуња. Во април, ја пропуштил Џиро дел Трентино поради цревно заболување.[9] Грег Хендерсон го обвинил Ару дека глуми заболување и дека всушност ја избегнува трката поради случајот со биолошкиот пасош.[10] Ару ветил дека ќе го тужи Хендерсон за неговите обвинување додека се подготвувал за Џиро д’Италија.[11] Во мај 2015 година, било објавено дека договорот на Ару со Астана бил обновен до крајот на 2017 година.[12] Џиро д’Италија 2015 започнала лошо за екипата на Ару, Астана, губејќи секунди во однос на Тинкоф-Саксо, екипата во која бил најголемиот соперник Алберто Контадор. Меѓутоа, во многу возбудливата прва недела од трката, Ару го нападнал Контадор на планините предводена од неговата екипа, со што му се доближил на неколку секунди на Контадор во борбата за генералниот пласман.[13][14] И кога Контадор паднал на тринаесеттата етапа, Фабио Ару ја поминал целта пред Контадор, обезбедувајќи ја првата розова маичка во неговата кариера.[15][16] Меѓутоа, следниот ден, на поединечниот хронометар од 59,3 километри, одреден како важен ден на Џирото, Ару изгубил две и пол минути од Контадор, со што ја загубил и розовата маичка.[17] Изгубил повеќе време на етапата до Мортироло, но се вратил на деветнаесеттата етапа кога дошол со емотивна соло победа.[18] На дваесеттата етапа, Ару ја освоил својата втора последователна етапна победа одземајќи му две минути на Контадор, но не успеал да ја преземе розовата маичка.[19]

Ару подоцна се вратил на Трката околу Полска и завршил на петтото место, додека се подготвувал за следната цел во сезоната, Вуелта а Еспања. Се покажал добро во првата недела, пред да ја преземе водечката црвена маичка откако завршил втор на единаесеттата етапа, кралската етапа на Вуелта.[20] Го задржал водството од неколку секунди пред да го загуби од Хоаким Родригес на шеснаесеттата етапа.[21] На седумнаесеттата етапа, поединечен хронометар од 38 километри, успеал да се покаже добро и да се задржи на три секунди од победникот на хронометарот и новиот предводник на Вуелта, Том Димулен. На последните денови, Ару го напаѓал Димулен постојано, обидувајќи се да се врати во црвено. Сè до претпоследната етапа не успеал, отфрлајќи го Димулен и стигнувајќи до неговата прва победа на некоја голема трка, кога заплакал со солзи од олеснување и среќа поминувајќи низ целта.[22]

2016

Ару ја започнал сезоната 2016 на Волта а ла Комунитат Валенсијана каде завршил шести. Потоа возел на Волта ао Алгарве и завршил деветти на крајот откако го освоил второто место на последната етапа. Негова единствена победа во сезоната била на третата етапа на Критериум ди Дофине по нападот на спустот во последните 15 километри. Негова главна цел на сезоната била Тур де Франс, и по осмата етапа Ару бил седми во генералниот пласман, но паднал на 13. место на крајот на следната етапа. Успеал повторно да се врати меѓу првите десет на етапата 12. Имал механички проблем на етапата и проблеми да се врати до групата. Добил помош од возилото на екипата, поради што добил временска казна на крајот на етапата. На последната планинска етапа не се чувствувал добро и изгубил 13 минути, со што паднал на 13. место во генералниот пласман.[23]

2017

Thumb
Ару на Тур де Франс 2017

Во сезоната 2017, Ару целел на 100. издание на Џиро д’Италија. Покажал добра форма на почетокот на сезоната со неговиот прв подиум на Трката околу Оман, каде завршил на третото место. Завршил осми на крајот на Трката Абу Даби. Во април, на тренинг-кампот на Сиера Невада, Ару паднал и го повредил коленото. Не добил фрактури, но имал големи отоци поради што препораките на докторите биле да остане во мирување неколку денови со цел добро да заздрави.[24] Се вратил на трките во јуни на Критериум ди Дофине и завршил петти на крајот на трката. Една недела пред Тур де Франс, Ару го освоил националното друмско првенство по првпат во својата кариера.[25]

На Тур де Франс 2017, Ару ја освоил петтата етапа со напад на искачувањето пред целта. По етапата ја носел точкестата маичка три дена. На деветтата етапа бил обвинет за неспортско однесување откако го нападнал носителот на жолтата маичка, Фрум, при механички проблем.[26] На етапата 12, нападнал на искачувањето и ја презел жолтата маичка од Крис Фрум. На следните етапи се мачел со бронхитис[27] и завршил петти на неговиот втор Тур де Франс.

УАЕ Тим Емирати (2018-денес)

2018

По шестата сезона со Астана, Ару потпишал тригодишен договор со ОАЕ Тим Емирати.[28] Ја започнал својата сезона на Трката Абу Даби, но завршил само на 13. место. На следната трка Тирено-Адријатико, Ару завршил на четвртото место до Сарнано Сасотето, но имал проблеми на другите одлучувачки етапи, поради што не остварил резултат меѓу најдобрите десет, туку на 12. место. Негова прва завршница меѓу првите десет во сезоната била на Трката на Алпите. Ару не можел да го следи темпото на фаворитите на Џиро, поради што ја завршил трката на шестото место.

Thumb
Ару на Џиро д’Италија 2018.

На Џиро д’Италија, заврпил заедно со многу силни фаворити на Џиро на етапата до Етна и се искачил до десеттото место по етапата. Меѓутоа, на следните планински етапи, Ару не успеал да заврши меѓу најдобрите, поради што паднал на 22. место по втората недела. Меѓутоа се вратил на следната етапа, која била рамен хронометар. Завршил осми на етапата, но подоцна бил казнет.[29] Ару се откажал од трката на етапата 19.[30] Ару објаснил дека страда од интолеранција на глутен и на млечни производи од 2015 година, но никогаш не се посветил на тоа. Ару и неговиот личен тренер Паоло Тиралонго го направиле неговиот тренинг пресилен и поминале многу време на планина, поради што неговото тело било изморено на Џиро.[31] Се вратил на трките на крајот на јули, на Тур де Валони, каде завршил како десетти. Една недела подоцна на Трката околу Полска, Ару повторно завршил десетти. Ја започнал Вуелта како еден од главните фаворити.[32] Меѓутоа, неговата форма флуктуирала и бил над 10 минути зад Сајмон Јејтс, на етапата 17. На таа етапа, Ару паднал пред последното искачување, кинејќи ги неговите бициклистички, поради што луто барал нов велосипед и пцуел за неговиот велосипед колнаго. Ова довело Ару подоцна формално да му се извини на Ернесто Колнаго на телефон по етапата.[33]

2019

Во март 2019 година по разочарувачкиот почеток на сезоната, на Ару му било пронајдено стегање на бочна артерија поради што морал да изврши операција. Затоа не можел да настапи неколку месеци на трки. Како последица на тоа, неговите планови да вози на Волта а Каталуња, како и на Џиро д’Италија биле напуштени.[34]

Remove ads

Личен живот

Фабио Ару живее во швајцарскиот град Лугано, кој е само неколку километри северно од италијанската граница.[35] Ару страда од интолеранција на глутен и млечни производи, поради што во неговата исхрана воопшто нема млеко и исто така јаде многу ограничено количество на тестенини.[36]

Достигнувања

2010
2. Трофео Џанфранко Бјанкин
4. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
5. Џиро дел Белведере
2011
1. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Етапа 6
2. Тоскана Копа деле Национи
4. Краен пласман Бебе Џиро
6. ГП Палио дел Речото
10. Џиро дел Медио Брента
2012
1. Тоскана Копа деле Национи
1. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Етапа 3
2. Краен пласман Бебе Џиро
4. ГП Палио дел Речото
2013
4. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Пласман за млад возач
7. Тре Вали Варезине
8. Краен пласман Трка околу Австрија
2014
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 15
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 11
1. Етапа 18
7. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Џиро ди Ломбардија
2015
1. Краен пласман Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 19
1. Етапа 20
1. Пласман за млад возач
2. Трка Алмати
3. Милано-Торино
5. Краен пласман Трка околу Полска
6. Краен пласман Волта а Каталуња
2016
1. Етапа 3 Критериум ди Дофине
4. Џиро дел’Емилија
4. Краен пласман Џиро ди Тоскана
6. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
6. Олимписка друмска трка
6. Милано-Торино
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
9. Тре Вали Варезине
2017
1. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Трка околу Оман
3. Милано-Торино
5. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 5
5. Краен пласман Критериум ди Дофине
7. Џиро ди Ломбардија
8. Краен пласман Трка Абу Даби
8. Тре Вали Варезине
2018
6. Краен пласман Трка на Алпите
9. Милано-Торино
10. Краен пласман Трка околу Полска
10. Краен пласман Тур де Валони
2019
8. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес

Распоред на резултатите

Повеќе информации Распоред на резултатите на големите трки, Голема трка ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads