Пеширово

село во Општина Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia

Пешировоmap
Remove ads

Пеширово — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Пеширово било старо име на селото. Сепак, по Првата светска војна селото го добило името Степоевац по српскиот војвода Степа Степановиќ. Кога дошла бугарската власт за време на Втората светска војна го вратила старото име на селото.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед во селото

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Свети Николе, недалеку југоисточно од градот Свети Николе, на оддалеченост од околу 6 километри.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 260 метри.[3]

Пеширово е мало село на десниот брег на Светиниколска Река, а во непосредна близина на Амзабегово на југ и Долно Црнилиште на запад. Источно од селото, на левиот брег од реката, се наоѓаат плодни обработливи површини, додека на западниот дел се наоѓаат падини. Во минатото, водата за пиење била од два бунари, по еден во двете маала и од една чешма во Долно Маало.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Говедаров Камен, Дурче, Чаирлак, Грамади, Кметовица, Савриџе, Баир-Колиба и Аргач.[2]

Селото има збиен тип и е поделено на Горно и Долно Маало.[2]

Во непосредна близина на селото поминува регионалниот пат помеѓу Штип и Свети Николе, со кој е поврзан со асфалтен пат.

Remove ads

Историја

Народната традиција говори дека во селото најпрвин живееле православни македонски родови. Подоцна, во селото почнале да се доселуваат Турци, кои станале мнозинство. Низ времето, старите родови (од ова, но и од други села) се иселиле по ридишта и на други места. Северно од Пеширово се наоѓаат поединечни стари гробови, кои денешните мештани претпоставуваат дека потекнуваат од тоа време.[2]

Кон крајот на XIX век, во селото било забележани 120 христијани, додека во 1912 година пред отпочнувањето на Балканските војни, селото било чисто турско наречено Пеширли. Тогаш, тоа имало 34 куќи со турско население, кое целосно се иселило од селото во периодот 1925-1928 година. Џамијата, која се наоѓа на сретсело, била срушена по 1930 година, а нејзиниот камен бил искористен за изградба на училиштето во соседното село Долно Црнилиште.[2]

Средишниот дел на селото по рушењето на џамијата останал празен. Турските гробишта се наоѓа покрај селото од јужна страна, но денес скоро и да нема остатоци, бидејќи земјата била изорана.[2]

По иселувањето на турското население, на нивно место се доселиле православни македонски, како и два ромски родови, од околината на Кратово, Крива Паланка и други села во Овче Поле.[2]

Стопанство

Thumb
Поглед на селото
Thumb
Објект во селото

Атарот зафаќа простор од 7,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 667 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има земјоделска задруга, фабрички погон и продавници.[3]

За време на отоманскиот период, во Пеширово имало еден чифлиг. Сопственик на чифлигот бил Ајдин-ефенди од Тетовско, а живеел во Штип. Земјата ја обработувале Македонци од другите села.[2]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пеширово имало 270 жители, од кои 250 Турци и 20 Македонци.[4]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година селото Пеширово имало 160 Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци, 25 до 50 Турци и 25 до 50 Власи.[6]

Пеширово е мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 274, а во 1994 година 244 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Пеширово живееле 247 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 256 жители, од кои 198 Македонци, 3 останати и 55 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Пеширово е македонско село.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

Иселеништво

Иселеништво се одвивало кон Скопје и Свети Николе.[2]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Во XIX век, Пеширово било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ерџелија, во која покрај селото Пеширово, се наоѓале и селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Буриловци, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково и Мустафино. Селото било дел од Општина Амзабегово во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште и Пеширово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1702 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 205 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Прохор Пчински“
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Аргач-Секир Тепе — тумул од железното време;
  • Брегот — некропола од доцноантичко време;
  • Говедар Камен — древно светилиште тумул од железното време; и
  • Шадија — некропола од доцноантичко време.
Цркви[17]
Џамии[2]

Во минатото во селото постоела џамија на сретсело, од која денес не е ништо останато.

Remove ads

Редовни настани

Слави[2]
  • Руса Среда — главна селска слава

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads