Гермијан
село во Општина Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гермијан — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, во непосредна близина на границата со Грција.
Историја
Во XIX век селото било дел од Леринската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гермијан живееле 1.300 жители, сите Турци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]
Гермијан е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 555 жители, а во 1994 година 286 жители, од кои 283 биле Македонци и само тројца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, селото брои 257 жители, од кои 251 Maкедонец, 5 Срби и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 195 жители, од кои 182 Македонци, 1 Србин, 2 останати и 10 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Родови
Гермијан е македонско православно село, поголемиот број родови се македонски, но има и два српски рода.
Според истражувањата од 1953 година родови во селото биле:
Македонски родови:
- Доселеници: Лавровци (6 к.), Гацовци (5 к.), Деловци (3 к.) и Матејевци (2 к.) доселени се 1920 и 1924 година од селото Совиќ, подалечно потекло на Лавровци е од Груништа во Мариово. И останатите родови се доселени однекаде; Котевци (1 к.) доселени се од Бач после 1918 година; Кара Коле (1 к.) потекнуваат од старите македонски родови кои живееле во Гермијан, па се иселиле во Асаново, Леринско кога дошле Турците во Гермијан, а во 1927 година се вратиле назад; Филиповци (1 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Пополжани; Музуровци (2 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Сетина; Љамевци (3 к.) доселени се после 1918 година од селото Полог; Глувчевци (4 к.) и Русевци (2 к.) доселени се после 1928 година од леринското село Пополжани; Митревци (2 к.) доселени се после 1927 година од селото Живојно; Ешкелија (1 к.) доселени се 1927 година од леринското село Екши Су (Горно Врбени); Рамаличани (2 к.) доселени се 1927 година од леринското село Рахманли; Петковци (1 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Крушоради; Ицовци (1 к.) и Шилевци (1 к.) доселени се 1942 и 1944 година од охридското село Опеница; Гичевци (4 к.) и Карамеше (1 к.) од селото Бач во 1942 година, во Бач биле староседелци; Гавриловци (1 к.) доселени се во 1941 година од леринското село Овчарани.
Во минатото во селото имало и Турци.
Турски родови биле:
- Доселеници: Умеркалар (1 к.), Ѓор-Мусалар (1 к.), Широколар (3 к.), Зијат (1 к.), Фазлиовци (2 к.), Рамушалар (3 к.), Расим-Ќемал (2 к.), Гегелар (3 к.), Голманлар (2 к,), Насуфлар (3 к.), Машковци (3 к.), Далип (1 к.), Кушлин (1 к.) и Абазовци (2 к.). Родовите Фазлиовци, Рамушалар, Расим-Ќемал и Абазовци се доселиле од Живојно, во периодот од 1912 до 1949 година. Сите турски родови се доселени од Мала Азија, Коња вилајет во XVIII век. А пред да дојдат во Гермијан живееле во селото Коњарка, кое постоело во Мариово.
Српски родови:
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 171 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 238 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[11]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква, изградена во 1860 година
- Црква „Св. Климент Охридски и Пресвета Богородица“
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Стари македонски иселеници од ова село има во леринското село Асаново. После 1912 година од селото се иселил значаен број од турското население. Сосема се иселиле родовите. Балколар, Јусуфлар, Имер Оџалар, Аџи Оџалар, Токмаклар, Пусталар, Идризоски, Коџа Ѓеролар, Коџа Беколар, Карач Колар и Усеин Оџалар. Турското население се иселило во Турција и Битола. Останатите турски семејства се иселиле после 1953 година. Во 1941 година бугарските власти иселиле осум српски колонистички семејства од селото.[8]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads