Горна Душегубица
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горна Душегубица — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во изворишниот дел на реката Треска, а на југоисточните падини на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.100 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри, а од патот Кичево-Охрид 2,3 километри.[2]
Куќите во ова село се наоѓаат на издигнати тераси, високи над 950 метри. Околни села се: Лавчани, Извор и Кленоец.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Староец, Вирои, Речиште, Круша и други.[3]
Селото има збиен тип. Не постојат маала, бидејќи се работи за мало село.[3]
Сместено е во областа Горна Копачка, во близина на подножјето на Бистра.
Remove ads
Историја

Мештаните наведуваат дека Душегубица е старо село. Во историските извори, историчарот М. Пурковиќ претпоставува дека е споменато околу 1300 година, кога е спомената „воденица под Душегубица“.[3]
Други историски извори се турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога е споменато под името Душица и имало 53 куќи.[3]
Во месноста Косов Рид се среќаваат руини од стар храм. Селото порано било сместено во месноста Старо Село, кое било напуштено поради насилство.[3]
Во XIX век, Горна Душегубица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
На 28 август 1943 година, Вториот кичевски ПО во селото Душегубица (наречено Душогубица) одржал голем митинг, а НОО го извршило првото јавно судење на слободна територија на Македонија на службениците од окупаторската општина од село Извор.
Remove ads
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 19 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 970,8 хектари, на шумите отпаѓаат 823,1 хектар, а на обработливото земјиште само 69,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Душегубица (Горна и Долна) и Кленоец имало 580 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Душегубица имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото заедно со Долна Душегубица имале 350 Македонци.[6]
Во 1961 година селото броело 336 жители, додека во 1994 година бројот се намалил само на 15 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Горна Душегубица живееле 4 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Горна Душегубица е македонско православно село.[3]
Родови во селото се: Трпевци, Картаровци, Мојсовци, Китановци и уште некои други, сите заедно имаат 59 куќи. Сите се староседелски родови.
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Горна Душегубица, се наоѓале и селата Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0761 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Долна Душегубица.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Цркви[16]
- Црква „Св. Богородица“ — главна селска црква, заедничка со соседното село Долна Душегубица
Личности
- Ристе Лазарески — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Мерџан Стојков Митрески — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Србин Богојев Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Милан Тренев Трпески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Крсте Тренев Филипоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Арсена Алексоска — учесник во НОВ на Македонија.
- Калина Алексоска — учесник во НОВ на Македонија.
Remove ads
Иселеништво
Од Душегубица имало често иселување на населението. Родот Поповци (2 к.) кон крајот на XIX век преминало во мијачкото село Росоки. Поголеми иселувања имало по Втората светска војна, кога одредени домаќинства се преселиле во пониските кичевски села, како Извор, Другово и Староец. Родот Новевци (2 к.) во 1964 година се иселил во селото Степанци.[3]
Забелешки и наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads