Горна Камила
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горна Камила или Христијанска Камила (грчки: Άνω Καμήλα, Ано Камила) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 546 жители (2021). Го носи алтернативното име „Христијанска“ за да се разликува од другата, Долна Камила (наречена Турска), која имала турско малцинство меѓу Македонците. Во минатото Горна Камила била населена исклучиво со Македонци, кои денес имаат двотретинско мнозинство, а останатите жители се грчки доселеници.[2]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во средиштето на Серското Поле, западно од градот Сер и северно од Ениќој.
Историја
Во Отоманското Царство
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Христијан Камила (Christian-Kamila) било село со 40 домаќинства на вкупно 138 жители Македонци.[3][4]
Во 1891 г. охридскиот Георги Стрезов го завел селото како дел од областа Овакол и напишал дека за време на неговата посета Горна Камила била во рушевини, урнисана од Струма.[5]}}
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) брои 180 жители, сите Македонци христијани.[3][6]
Во Грција
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 387 жители, кое во 1920 г. се зголемило на 423 лица.[2] Според пописот од 1928 година Горна Камила имала 491 жител,[2] од кои 150 жители од 31 семејство биле дојденци.[7]
Во 1940 г. населението броело 531 жител, за во 1961 г. да достигне 813 лица. Во 1960-тите дошло до извесно иселување во градовите, но подоцна населението повторно се накачило.[2] Во 2000-те бројноста повторно се намалила, од 746 во 2001 до 682 во 2011 г.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото има мошне плодно земјиште кое дава по две богати реколти годишно. Се одгледуваат големи количества памук, пченка, жито, фуражни култури и друго, а застапено е и краварството.[2]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads