Драгош (Серско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Драгош (Серско)map
Remove ads

Драгош (грчки: Ζευγολατειό или Ζευγολατιό, Зевголатио; до 1927 г. Δραγόσι, Драгоси[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција.

Кратки факти Драгош Ζευγολατειό, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во североисточното подножје на Богданска Планина. Лежи блиу јужниот брег на реката Струма, на помалку од 3 км источно од Турица.[3]

Историја

Во средниот век

Селото е спомнато во грамоти на царот Стефан Душан од 1349 г. како село Драгошта, и во 1349 г. како село Драгошт(у).

Во Отоманското Царство

Во XIX век Драгош било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгош (Dragoch) било село во Серската каза со 70 домаќинства сочинети од 160 муслимани и 30 Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Драгош, чифлик близу до Струма. Од Турбеш на СЗ 1 час. Истата состојба; 25 македонски куќи.[6][7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 460 жители, од кои 400 Македонци и 60 Роми.[4][8]

Сите христијани во Драгош биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгош (Dragoche) живееле 320 Македонци под Патријаршијата.[4][9]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 494 жители.[3] Во 1918 г. во селото се доселени грчки колонисти од селото Пелевун кај Ортаќој (денешен Ивајловград), Бугарија. На пописот од 1920 г. Драгош имал само 155 жители.[3] Во 1920-тите Турците/муслиманите во селото се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1922-1923 г. во селото се доселиле и неколку семејства од Епир.[10] Во 1927 г. селото е преименувано во Зевголатио.[11] Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано, од кои 407 жители (95 семејства) биле дојденци.[12] Во 1932 г. во Драгош са доселиле и Каракачани од Епир.[10]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads