Турица (Серско)
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Турица или Троица (грчки: Τριάδα, Тријада; до 1927 г. Τουρίτσα, Турица[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението брои 267 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 25 км западно од градот Сер и на 15 км јужно од Долна Џумаја, во источното подножје на Карадаг, на надморска височина од 120 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Турица било македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Троица (Troïtsa) имало 15 домаќинства со 45 жители Македонци.[4][5]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Троица, чифлик на Мехмет Арнаут-бег, на југозапад од Сер во подножјето на истата планина. Од Турбеш до Троица има помалку од 1 час, од Сер 5 часа.[6] | “ |
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Турица имало 300 жители, сите Македонци.[4][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Турица имало 336 Македонци под врховенство на патријаршијата.[4][8]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 233 жители. Тешко настрадало за време на Втората балканска војна и Првата светска војна. Под притисок од грчките власти, во 1923-24 г. голем број Македонци принудно биле иселени во Бугарија, а на нивно место се населиле 99 бегалски семејства (вкупно 350 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3]
Во 1927 година, името на селото било променето во Тријада (Τριάδα).[2]
Remove ads
Стопанство
Населението одгледува тутун, памук и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на сточарството.[3]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1927 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 29,8 квадратни километри.[3] Општината Турица била приклучена во општината Орљак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.
Селото припаѓа на општинската единица Орљак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Турица, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads