Европска ракометна федерација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Европска ракометна федерација (англиски: European Handball Federation, EHF или ЕХФ) — раководен орган на ракометот во Европа. Основана е во 1991 г. со седиште во Виена, Австрија и брои 50 федерации-членки и две вонредни федерации (Англија и Шкотска). Тековен претседател е Жан Брио (на служба до 2016 г), а генерален секретар е Михаел Видерер.
Remove ads
Историјат
ЕХФ е основана на 17 ноември 1991 г. во Берлин, Германија, но на првиот собир одржан на 5 јуни 1992 г. е одлучено седиштето на организацијата да биде во Виена, Австрија со почеток од 1 септември истата година. Во 2012 г. федерацијата одбележала јубилејни 20 години од своето постоење.[1] Во прво време во неа членувале 29 земји, но денес тој број се има накачено на 49 земји. Федерацијата ги застапува своите членови и во развојот на спортот — како за препознавање надарени играчи, така и деловниот развој на спортот. Најголеми извори на приходи за ЕХФ се првенствата кои ги организира, додека пак за најпривлечни за нови играчи и љубители се сметаат училишните ракометни натпревари и ракометот на песок.
Remove ads
Првенства
- Европски првенства
- Европско првенство во ракомет за мажи
- Европско првенство во ракомет за жени
- Европско јуниорско првенство во машка конкуренција
- Европско јуниорско првенство во женска конкуренција
- Европско младинско првенство во машка конкуренција
- Европско младинско првенство во женска конкуренција
- Машки клупски турнири
- Лига на шампиони во ракомет
- Ракометен куп
- Куп на победниците на Ракометниот куп
- Предизвикувачки ракометен куп
- Женски клупски турнири
- Лига на шампиони во ракомет за жени
- Ракометен куп за жени
- Куп на победниците на Ракометниот куп за жени
- Предизвикувачки ракометен куп за жени
Remove ads
Прваци
Членки
Вонредни федерации |
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads