Меѓународна ракометна федерација

From Wikipedia, the free encyclopedia

Меѓународна ракометна федерација
Remove ads

Меѓународна ракометна федерација (англиски: International Handball Federation, IHF или ИХФ) — административно и контролорно тело за ракомет и ракомет на плажа. ИХФ е одговорна за организирање на најголемите меѓународни турнири во ракомет, особено Светското првенство за мажи, кое за првпат било одржано во 1938 година и Светското првенство за жени, кое за првпат било одржано во 1957 година.

Кратки факти Основана, Вид ...

Меѓународната ракометна федерација е основана на 11 јули 1946 година за да ги надгледува меѓународните натпревари. Со седиште во Базел, нејзиното членство вклучува 209 национални федерации. Секоја земја-членка мора да биде членка на една од шесте регионални конфедерации, меѓу кои и Ракометната федерација на Македонија (РФМ).: Африка, Азија, Европа, Северна Америка и Карибите, Океанија и Јужна и Средна Америка. Д-р Хасан Мустафа од Египет е претседател на ИХФ од 2000 година.

Remove ads

Историја

Во 1928 година, во Хаг (Холандија) била формирана Меѓународната аматерска ракометна федерација (ИАХФ). Во 1933 година, ракометот (11х11) бил признат како олимписки спорт, а три години подоцна, се одржал ракометниот турнир на 11-тата Олимпијада во Берлин. Во финалето, Германија ја совладала Австрија со резултат од 10:6. Во јануари 1938 година, Германија била домаќин на првиот светско првенство (7х7), на кој германската репрезентација повторно победила. Во јули истата година, повторно се одржал 11-тото светско првенство во ракомет (11х11) во Германија, каде повторно победник станала германската репрезентација. Безусловното раководство на Германија во светскиот ракомет се покажало по избувнувањето на Втората светска војна, кога Меѓународната аматерска ракометна федерација под раководство на Третиот Рајх, престанала да постои.

По војната, започнало заживувањето на ракометот и неговата светска структура. На 11 јули 1946 година во Копенхаген (Данска), претставници на осум земји (Данска, Холандија, Норвешка, Полска, Финска, Франција, Швајцарија и Шведска) ја основале Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Швеѓанецот Еста Бјорк бил избран за прв претседател на новата спортска организација.

Во јуни 1948 година, ИХФ го одржала првото повоено Светско првенство во ракомет (11х11) за мажи, а една година подоцна и за жени. Потоа, на овој вид ракомет се одржале уште 5 светски првенства во машка категорија (до 1966 година) и две женски светски првенства (до 1960 година), по што конечно се воспоставил современиот вид на ракомет, на кој се натпреваруваат 7х7 играчи во затворена сала и со намалени димензии на теренот.

Во јануари 1954 година, Светското првенство за мажи се одржало во Шведска, а во јули 1957 година во Југославија се одржало првото Светско првенство во ракомет за жени по новите правила. Во 1972 година, по пауза од 36 години, ракометот во машка конкуренција повторно бил вклучен во програмата на Олимписките игри кои се одржале во Минхен. Истата година и женскиот ракомет бил вклучен и во програмата на Олимписките игри.

Во периодот од 1971 до 2006 година, се играл Светски ракометен куп во машка конкуренција, а во 2005-2010 година, годишно се одржувал сличен турнир и меѓу жените. Од 1973 година, континенталните федерации започнале да се формираат во структурата на Меѓународната ракометна федерација. Во моментов има 6 од нив: Африканска ракометна конфедерација, Азиска ракометна федерација, Европска ракометна федерација, Панамериканска ракометна федерација, Континентална ракометна федерација на Океанија и Јужна и Средна Америка.

Во 1977 година се одржале првите светски првенства меѓу младинските тимови. Од 2005 година, светските првенства се одржуваат во машка младинска конкуренција, а од 2006 година и во женска младинска конкуренција.

Од почетокот на 21 век, ракометот на плажа активно се шири и станува популарен. Од 2004 година се одржуваат светски првенства на ваков вид ракомет. Ракометот на плажа е вклучен во програмата на Светските игри од 2013 година.

Во моментов, Меѓународната ракометна федерација е една од најбрзорастечките меѓународни спортски федерации. Во 1950 година, таа вклучувала 21 национална асоцијација, во 1972 - 54, во 1980 - 68, во 1988 - 100, а по ХХХIII Конгрес на МХФ, што се одржал во 2011 година, бројот на земји членки на ИХФ пораснал на 176. Денеска, овој број изнесува 178 членки.

Remove ads

Структура

Закони и управување

Меѓународната ракометна федерација е со седиште во Базел и е федерација основана според законите на Швајцарија. Врховното тело на ИХФ е Конгрес на ИХФ, собрание составено од претставници од секое здружение на членките. Секоја национална ракометна федерација има по еден глас, без оглед на нејзината големина или сила во ракометот. Конгресот се собира на обична сесија еднаш на две години (необични години) по завршувањето на Светското првенство. Конгресот носи одлуки во врска со регулативите статути на ИХФ и нивниот метод на примена и практика. Само Конгресот може да донесе измени во Статутот на ИХФ. Конгресот го одобрува годишниот извештај и одлучува за прифаќање на нови национални федерации и одржува избори. Конгресот го избира Претседателот на ИХФ, нејзиниот генерален секретар и другите членови на Советот на ИХФ. Советот на ИХФ, со кој претседава Претседателот, е главното тело за одлучување на организацијата во интервалите на Конгресот. Советот е составен од 18 лица: Претседател, 5 Потпретседатели и 12 члена. Советот е тело кое одлучува која држава ќе биде домаќин на Светското првенство. Претседателот и генералниот секретар се главните канцеларии на ИХФ и се одговорни за неговата секојдневна администрација, што ја спроведува Генералниот секретаријат. Д-р Хасан Мустафа е сегашен претседател, назначен во 2000 година на 28-от Конгрес на ИХФ.

Шест конфедерации и 209 национални здруженија

ИХФ е составена од шест континентални федерации кои организираат континентални првенства што се одржуваат секоја втора година: Африканска ракометна конфедерација, Азиска ракометна федерација, Европска ракометна федерација, Панамериканска ракометна федерација, Континентална ракометна федерација на Океанија и Јужна и Средна Америка. Покрај континенталните натпреварувања меѓу државните репрезентации, федерациите организираат меѓународни турнири помеѓу клупските тимови[1].

До 2017 година, имало пет континентални конфедерации. На 14 јануари 2018 година, Советот на ИХФ ја поделила Панамериканската конфедерација на Северна Америка и Карибите и ракометна конфедерација на Јужна и Средна Америка. Овластувањето за поделба на континентална конфедерација му било доделено на Конгресот на ИХФ, но 36-от Конгрес на ИХФ во 2017 година го овластил Советот на ИХФ да ја подели Панамериканската федерација[2].

Претседатели

Повеќе информации Број, Име ...
  • Ханс Бауман починал на 9 февруари 1971 поради болест.

Извршен комитет

Повеќе информации Должност, Име ...

Комисија

Повеќе информации Комисија, Одговорен ...
Remove ads

Турнири

Светски првенства
Светски првенства (плажа)
  • Светско првенство во ракомет на плажа
  • Светско младинско првенство во ракомет на плажа
Светско клупско првенство
  • Светско клупско првенство во ракомет за мажи
  • Светско клупско првенство во ракомет за жени
Мулти-спортски настани
Останато
  • Куп на конфедерации на ИХФ (предложено)
  • Првенство на нации во развој на ИХФ
  • Интерконтинентален трофеј на ИХФ

Прваци

Меѓународни носители на титули

Повеќе информации Натпреварување, Шампион во машка конкуренција ...

Земји

Повеќе информации Африка, Азија ...

Комбинирана табела за медали

На оваа табела се прикажани сите медали по земја, на сите меѓународни натпреварувања во ракометната федерација. Оваа табела не вклучува освоени медали на клупско ниво.

Повеќе информации Место, Земја ...
  • податоците сè до 27 јануари 2019 година
Remove ads

Членки

Категорија A

  • Алжир Алжир
  • Аргентина Аргентина
  • Австрија Австрија
  • Белорусија Белорусија
  • Бахреин Бахрејн
  • Кина Кина
  • Хрватска Хрватска
  • Чешка Чешка
  • Данска Данска
  • Шпанија Шпанија
  • Франција Франција
  • Германија Германија
  • Унгарија Унгарија
  • Иран Иран
  • Исланд Исланд
  • Италија Италија
  • Јапонија Јапонија
  • Јужна Кореја Јужна Кореја
  • Саудиска Арабија Саудиска Арабија
  • Кувајт Кувајт
  • Црна Гора Црна Гора
  • Холандија Холандија
  • Норвешка Норвешка
  • Оман Оман
  • Полска Полска
  • Катар Катар
  • Романија Романија
  • Русија Руска Федерација
  • Словенија Словенија
  • Србија Србија
  • Швајцарија Швајцарија
  • Словачка Словачка
  • Шведска Шведска
  • ОАР ОАЕ

Категорија B

  • Ангола Ангола
  • Белгија Белгија
  • Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
  • Бразил Бразил
  • Египет Египет
  • Финска Финска
  • Грција Грција
  • Хонгконг Хонгконг
  • Израел Израел
  • Јордан Јордан
  • Казахстан Казахстан
  • Либија Либија
  • Луксембург Луксембург
  • Мароко Мароко
  • Македонија Македонија
  • Португалија Португалија
  • Сингапур Сингапур
  • Тунис Тунис
  • Турција Турција
  • Украина Украина

Категорија C

  • Авганистан Авганистан
  • Албанија Албанија
  • Андора Андора
  • Антигва и Барбуда Антигва и Барбуда
  • Ерменија Ерменија
  • Американска Самоа Американска Самоа
  • Австралија Австралија
  • Азербејџан Азербејџан
  • Бахами Бахами
  • Бангладеш Бангладеш
  • Барбадос Барбадос
  • Бурунди Бурунди
  • Бенин Бенин
  • Бутан Бутан
  • Белиз Белиз
  • Боливија Боловија
  • Боцвана Боцвана
  • Брунеј Брунеи
  • Бугарија Бугарија
  • Буркина Фасо Буркина Фасо
  • ЦАР Централноафриканска Република
  • Камерун Камбоџа
  • Канада Канада
  • Кајмански Острови Кајмански Острови
  • Република Конго Конго
  • Чад Чад
  • Чиле Чиле
  • Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска
  • Камерун Камерун
  • ДР Конго Демократска Република Конго
  • Кукови Острови Кукови Острови
  • Колумбија Колумбија
  • Комори Комори
  • Зелен ’Рт Зелен ’Рт
  • Костарика Костарика
  • Куба Куба
  • Кипар Кипар
  • Џибути Џибути
  • Доминика Доминика
  • Доминиканска Република Доминиканска Република
  • Еквадор Еквадор
  • Ел Салвадор Ел Салвадор
  • Естонија Естонија
  • Етиопија Етиопија
  • Фарски Острови Фарски Острови
  • Фиџи Фиџи
  • СД Микронезија Микронезија
  • Габон Габон
  • Гамбија Гамбија
  • Обединето Кралство Велика Британија
  • Гвинеја-Бисао Гвинеја-Бисао
  • Грузија Грузија
  • Екваторска Гвинеја Екваторска Гвинеја
  • Гана Гана
  • Гренланд Гренланд
  • Гренада Гренада
  • Гватемала Гватемала
  • Гвинеја Гвинеја
  • Гуам Гуам
  • Гвајана Гвајана
  • Хаити Хаити
  • Хондурас Хондурас
  • Индонезија Индонезија
  • Индија Индија
  • Ирска Ирска
  • Ирак Ирак
  • Британски Девствени Острови Британски Девствени Острови
  • Јамајка Јамајка
  • Кенија Кенија
  • Киргистан Киргистан
  • Кирибати Кирибати
  • Косово Косово
  • Лаос Лаос
  • Латвија Латвија
  • Либан Либан
  • Либерија Либерија
  • Света Луција Света Луција
  • Лесото Лесото
  • Лихтенштајн Лихтенштајн
  • Литванија Литванија
  • Макао Макао
  • Мадагаскар Мадагаскар
  • Малезија Малезија
  • Малави Малави
  • Молдавија Молдавија
  • Малдиви Малдиви
  • Мексико Мексико
  • Монголија Монголија
  • Маршалски Острови Маршалски Острови
  • Мали Мали
  • Малта Малта
  • Монако Монако
  • Мозамбик Мозамбик
  • Маврициус Маврициус
  • Мавританија Мавританија
  • Намибија Намибија
  • Никарагва Никарагва
  • Непал Непал
  • Нигерија Нигерија
  • Нигер Нигер
  • Науру Науру
  • Нов Зеланд Нов Зеланд
  • Пакистан Пакистан
  • Панама Панама
  • Парагвај Парагвај
  • Перу Перу
  • Филипини Филипини
  • Палестински територии Палестина
  • Палау Палау
  • Папуа Нова Гвинеја Папуа Нова Гвинеја
  • Северна Кореја Северна Кореја
  • Порторико Порторико
  • Јужна Африка Јужна Африка
  • Руанда Руанда
  • Самоа Самоа
  • Сенегал Сенегал
  • Сејшели Сејшели
  • Свети Китс и Невис Свети Кристофер и Невис
  • Сиера Леоне Сиера Леоне
  • Соломони Соломонски Острови
  • Сомалија Сомалија
  • Шри Ланка Шри Ланка
  • Јужен Судан Јужен Судан
  • Саун Томе и Принсип Саун Томе и Пренсипе
  • Судан Судан
  • Есватини Свазиленд
  • Сирија Сирија
  • Танзанија Танзанија
  • Тонга Тонга
  • Тајланд Тајланд
  • Таџикистан Таџикистан
  • Туркменистан Туркменистан
  • Источен Тимор Источен Тимор
  • Того Того
  • Кинески Тајпеј
  • Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго
  • Тувалу Тувалу
  • Уганда Уганда
  • Уругвај Уругвај
  • САД Соединетите Американски Држави
  • Узбекистан Узбекистан
  • Вануату Вануату
  • Венецуела Венецуела
  • Виетнам Виетнам
  • Јемен Јемен
  • Замбија Замбија
  • Зимбабве Зимбабве

  • Англија Англија
  • Француска Полинезија Француска Полинезија
  • Северни Маријански Острови Северни Маријански Острови
  • Шкотска Шкотска

Регионални членки

  • Француска Гвајана Француска Гвајана
  • Гваделуп Гваделуп
  • Мартиник Мартиник
  • Нова Каледонија Нова Каледонија
Remove ads

Награди

Федерацијата доделува и награди за организации и поединци во знак на нивните особени придонеси за развој на ракометот и заслуги за федерацијата. Тие се следниве:

  • Трофеј „Ханс Бауман“
  • Значка за заслуги
  • Уверение за заслуги
  • Пехар честа и уверение
  • почесно претседателсктво и почесно членство
  • Олимписки орден
  • Плочка за заслуги
  • Значка на честа за судии
  • Диплома на честа за судии
  • Прстен на честа
  • Светски ракометар на годината
Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads