Ехлоец
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ехлоец (во различни извори се сретнува и како Ехловец или Евловец) — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
- За велешкото село видете Еловец.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото првпат е споменато како „Елховче“ во 1568/69 година. Значењето на името веројатно е од ботаничкото евла („елха“).[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во изворишното сливно подрачје на реката Треска, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.040 метри. Од градот Кичево е оддалечено 19 километри.[3]
Тоа е најоддалечено село во Кичевската Котлина, сместено во нејзиниот југозападен дел. Се наоѓа во изворишниот дел на Треска, на падините на планината Стогово.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Присој, Газ, Млака, Манастир, Комарштица, Барбарус и други.[4]
Селото има збиен тип. Не постојат, иако има родовско групирање на куќите.[4]
Ехлоец е познато како единствено мијачко село од источната страна на планинскиот венец Бистра-Стогово, кое природно гравитира кон Кичево.
Remove ads
Историја
Народното предание наведува дека селото е доста старо. Во историските извори првпат се споменува во XV век, како дервенџиско село. Имало 22 куќи и жителите го чувале патот Кичево-Дебар.[4]
Предците на денешните родови доселени се во втората половина на XVIII век од соседната област Мијачија. Некои доселеници биле од мијачкото село Главино Село и Лопушник, кои денес не постојат. Поради тоа, селото се нарекува мијачко.[4]
Во XIX век, Ехлоец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 37 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.362,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.116,2 хектари, а на обработливото земјиште 109,5 хектари.[3]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[3]
Население
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија со 38 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[5]
Според податоците од 1873 година, селото имало 32 домаќинства со 125 жители христијани (Македонци).[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ехлоец имало 475 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Ехлоец имало 560 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ехлоец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[9]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Ехлоец:[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[11]
Во 1961 година селото броело 431 жител, додека во 1994 година бројот се намалил дури на само 23 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Ехлоец живееле 20 жители, сите Македонци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
Ехлоец е македонско православно село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Зеревци, Голибеговци, Ѓурчевци и други. Брачните врски најмногу ги одржувале со блиските мијачки села (Лазарополе, Гари, Осој и други).[4]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Зеревци (16 к.), староседелци; Голибеговци (20 к.), доселени се од Лазарополе и Ѓурчевци (20 к.), доселени се од Старо Село.[17]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Ехлоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Иванчишта, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0766 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[18]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[19] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[20]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[21]
Remove ads
Личности
Личности родени во Ехлоец:
- Киро Макрев Дамјаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Тасе Момиров Јанкулоски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Дело Спасев Јанкулоски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Серафим Лазаров Митрески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Спасија Стојанова — учесник во НОВ на Македонија
- Мара Ефтова Гиновска — учесник во НОВ на Македонија
- Петко Ангелески (1908-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Видимка Ангелеска (1922-) — учесник во НОВ на Македонија.
- Јордан Богески (1919-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Анѓеле Петрески (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ило Стаматоски (1920-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Цркви[25]
- Црква „Св. Пантелејмон“ — главна селска црква.
- Спомен-чешми
- Спомен чешма Ромба со плоча за загинатите борци од НОБ
- Реки[26]
- Ехловска Река — поминува покрај селото, се влева во Треска
Иселеништво
Од селото имало иселувања. Родот Жежовци се иселил во демирхисарското село Смилево. Родовите Степановци (10 к.) и Голибеговци (3 к.) се иселиле во мијачкото село Лазарополе.[4]
Галерија
- Чешма Ромба
- Плоштадот на сретсело со споменикот од НОБ
- Куќи во селото
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads