Институт за хемија (Природно-математички факултет - Скопје)

образовна единица при Природно-математичкиот факултет, Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia

Институт за хемија (Природно-математички факултет - Скопје)
Remove ads

Институтот за хемијаинститут по хемија и еден од составните единици на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Кратки факти Надредена организација, Воспоставен ...
Кратки факти Зграда на Институтот за хемија, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Катедрата по хемија започнала со работа во 1946 г., заедно со другите студиски групи на Филозофскиот факултет - прва на кој наставата почна да се изведува на македонски јазик. При првиот упис на студии по хемија се запишувале 56 студенти. Почетокот на работата на новоформираната студиска група, меѓу­тоа, одела со големи потеш­­котии.[1]

Како Хемиски институт

Со издвојувањето,во 1958 година на Природно-математичкиот оддел од составот на Фи­ло­зофскиот факултет и со создавањето на Природно-математичкиот факултет, Катед­ра­та по хемија прераснала во Хемиски ин­сти­тут. Во Институтот тогаш биле створени три заводи: за неор­ган­ска и аналитич­ка, за органска и за физичка хемија.[1]

Хемиски факултет

Во периодот од 1976 до 1985 година, со реформите кои во тој период се случувале Хемискиот институт прераснал во Хемиски факултет.[1]

Институт за хемија

Во периодот од 1985 до денес, Институтот за хемија претставува дел од Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1]

Во периодот од конституирањето на Институтот за хемија, должноста шеф на Инсти­тутот ја вршеле:[1]

Иван Петров (1985-1987), Глигор Јовановски (1987-1989), Благоја Топу­зов­ски 91989-1991), Богдан Богданов (1991-1995), Трајче Стафилов (1995-1999), Киро Стојаноски (1999-2001), Орхидеја Групче (2001-2005), Емил Поповски (2005-2007), Слоботка Алексовска (2007-2009), Љупчо Пејов (2009-2013), Марина Стефова (2013-2020), Слоботка Алексовска (2020), Владимир Ивановски (2020-2021), Наташа Ристовска (2021-)

Remove ads

Внатрешна организација на Институтот

Институтот за хемија се состои од четири заводи: Завод за неорганска хемија, Завод за аналитичка хемија, Завод за физичка хемија, како и Завод за органкса хемија и биохемија.[1]

Подолу е дадена список на вработените наставници и соработници на Институтот поделени по заводи:

Повеќе информации Завод за неорганска хемија, Завод за аналитичка хемија ...
Remove ads

Научноистражувачка дејност на Институтот за хемија

Институтот за хемија е една од најплодните научни установи во Република Македонија. Според податоците од Министерството за образование и наука, бројот на објавените трудови од наставно-научните работници на Институтот во спи­са­нија со фактор на влијание изнесува околу една третина од вкупниот број трудови објавени во вакви списанија од страна на сите истражувачи од Република Македонија.[2]

Треба да се напомене дека во периодот на изми­на­ти­ве 60 години вработените на Институтот за хемија објавиле вкупно 1464 научни труда. Од нив, 929 труда (65 %) се отпечатени во списанија издавани надвор од Македонија. Од овие, пак, 823 се печатени во научни спи­­са­ни­ја, а 106 во зборници на трудови од меѓународни научни собири. Преостанатите 535 биб­ли­о­граф­ски еди­ни­ци (35 %) ги сочинуваат 435 труда објавени во научни списанија во Македонија и 100 труда во зборници на тру­до­ви од научни манифестации одржани во Македо­ни­ја. Посебно заслужува да се одбележи фактот дека, според Science Citation Index, 617 труда (42 %) се објавени во списанија со фактор на влијание.

Разно

Thumb
Предавањето на Шехтман во Скопје.

На 23 мај 2023 година, Институтот и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија организирале предавање на кое зборувал нобеловецот за хемија од 2011 година, Дан Шехтман. Тој го посетил Институтот за хемија, и направил го предавањето насловено „Демографија, технолошко претприемништво и иднината на Македонија“ во тамошниот амфитеатар.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads