Каратманово

село во Општина Лозово From Wikipedia, the free encyclopedia

Каратмановоmap
Remove ads

Каратманово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, близина на патот Велес - Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Овче Поле, на околу 4 километри источно од Лозово, 13 километри северозападно од Велес и 24 километри југозападно од Свети Николе. Соседни села на каратманово се: Дорфулија и Џумајлија на исток и североисток, Кумарино и Мамутчево на запад и северозапад, Милино на север, и Кишино на југ.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Ограда, Џамалџи, Катрли, Коџадол, Комарлиечими, итн.[2]

Remove ads

Историја

Во народната традиција се наведува дека селата Каратманово, Џумајлија и Кишино биле најстари турски села во околината на Овче Поле. Селото Каратманово е основано во средината на XVIII век од 8 муслимански семејства. Од нив само две биле доселени од Арабија, а останатите од Мала Азија.[2]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 475 Турци.[3] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Каратманово живееле 475 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 520 жители, од кои 515 Македонци и 5 Турци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 430 жители, од кои 426 Македонци, 2 Турци и 2 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Повеќе информации Година, Македонци ...

Родови

Според податоците од 1957/58 родови во селото биле.

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1710 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 328 гласачи.[10]

Иселеништво

Од селото Каратманово се иселил огромен број на жители, во постаро време се иселиле некои македонски родови. Па така во селото Ново Село, Велешко се иселиле родовите: Богојовци (4 к.), Караѓорѓевци (5 к.), Хаџиовци (2 к.) и Петрушевци (1 к.). Родот Неделковци (1 к.) се иселил во селото Новачани. Од турските родови се иселиле преку 100 семејства во периодот помеѓу 1954-1958 година. Иселениците живеат во Маниса, Измир и Истанбул.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads