Ото Толнаи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ото Толнаи
Remove ads

Ото Толнаи (српски: Ото Толнаи, унгарски: Tolnai Ottó); 5 јули 1940 27 март 2025 ) — современ југословенски и унгарски писател.

Thumb
Ото Толнаи

Животопис

Ото Толнаи е роден во 1940 година во Кањижа, Војводина. Студирал филозофија на универзитетите во Нови Сад и во Загреб. Од 1969 година бил главен уредник на списанието за култура Új Szimposion, а од 1992 година на списанието Ex Szimposion. Толнаи бил последниот претседател на Друштвото на писателите на Југославија.[1]

Творештво

Делата на Толнаи се преведени на српски, полски, словенечки и германски јазик. Исто така, неговиот расказ "Единаесетгодишната невеста" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]

Негови поважни дела се:[1]

  • Галебовите градни коски (песни), 1963 година
  • Главата на ѓаволот (роман за млади), 1970 година
  • Гогољевата смрт (раскази), 1972 година
  • Имре Шафрањ (монографија), 1978 година
  • Цветната улица 3 (роман), 1983 година
  • Рокококо (песни за деца), 1986 година
  • Книга од проза (кратки раскази), 1987 година
  • Топчиња правила: книга со нова проза (кратки раскази), 1994 година
  • Балканскиот ловор (песни), 2001 година
  • Прапрабаба од гангстерски филм од Ротердам (роман во поезија), 2006 година
Remove ads

Признанија

Толнаи е добитник на повеќе награди, како што се:[3]

  • Наградата „Сирмаи“ (1988)
  • Наградата „Порака“ (1991)
  • Книга на годината (1992)
  • Наградата „Ендре Ади“ (1993)
  • Наградата „Тибор Дери“ (1995)
  • Наградата „Шандор Вереш“ (1999)
  • Златен медал од претседателот на Република Унгарија (2000)
  • Наградата „Миклош Радноти“ (2000)
  • Наградата за паралелни култури (2001)
  • Наградата „[[Унгарска книжевност“ (2005)
  • Наградата „Кошут“ (2007)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads