Кикиритка
вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кикиритка (науч. Arachis hypogaea) — зеленчук кој припаѓа на семејството бобови или мешункасти растенија (Fabaceae), а потекнува од Јужна Америка, Мексико и Средна Америка. Во Македонија најмногу се одгледува во околината на Струмица.
Remove ads
Опис
Стеблото на кикиритката расте околу 30 до 50 сантиментри. Има жолти цветови, а плодовите растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има зрна прекриени со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребуваат зрната од кикиритките.
Кикиритките се богати со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки кои се богати со витамин Д.
Се препорачува кикиритките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека доколку умерено се конзумираат кикиритките, доведуваат до помал ризик од срцев удар или мозочен удар, го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврстуваат клетките околу срцето.[1]
Remove ads
Историја
Старите Инки одгледувале кикиритки пред 3.500 години. Дури изработувале и садови во облик на кикиритки и ги украсувале со нив. Шпанските освојувачи во XV век кикиритките ги пренеле во Европа и пошироко низ светот, а интересно е што ова растение стигнало во Северна Америка дури во XVIII век, и тоа од Африка.
Одгледување

Во почетокот на летото грмушките на кикиритки ги прекривааат полињата. Откако цветовите ќе бидат опрашени, стеблата се спуштаат кон почвата, а жолтите цветови влегуваат под земја на длабочина од шест сантиметри. Плодовите се развиваат под земја во мешунки долги околу 4-5 сантиметри, во кои има од 1 до 4 зрна. Лушпата е рапава, а внатре има бледо жолтеникаво или жолто семе. Ископувањето на кикиритките се врши кон крајот на месец септември.
Кикиритки во Македонија
Кикиритките во Македонија се одгледуваат единствено во неколку села во пределот Подгор во подножјето на Беласица во Струмичко, поради поволните услови со значителна влага на почвата[2]. Одгледувањето на кикиритки е започнато на почетокот на шеесеттите години на XX век откако е донесено семето од агроном од Струмица кој бил на обука во Војводина[2]. Со текот на времето се променувани и носени семиња и од соседна Бугарија, при што и денес е забележлива разликата во самите плодови на кикиритките[2]. Денес најмногу кикиритки се одгледуваат во околината на селата Колешино, Мокриево, Борисово.
Употреба
Во индустријата, кикиритките се користат на повеќе од 300 начини и тоа за производство на брашно, сапун, детергент, пластика, до различни креми, шампони и лекови. За разлика од многу други плодови кои во јадењата може и да не ги препознаете, тоа не е случај и со кикиритките, бидејќи тие имаат навистина препознатлив вкус. Кикиритките можат да се јадат пржени, печени, солени или несолени. Од нив се произведува добро познатиот путер од кикиритки, се произведува и масло од кикиритки, а исто така тие се дел од многу десерти и солени јадења. Во Македонија (и пошироко), најпознат производ од кикиритки се веројатно смоките.
Remove ads
Хранлива вредност
Remove ads
Кикиритките како тема во уметноста и во популарната култура
- „Кикиритки со суво грозје“ - расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[5]
- „Празник“ — краток расказ на македонскиот писател Владимир Лукаш.[6]
Галерија
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads