Клиди

From Wikipedia, the free encyclopedia

Клидиmap
Remove ads

Клиди (грчки: Κλειδί, книжевно: Κλειδίον, Клидион) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Клиди Κλειδί, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа помеѓу реките Бистрица и Колудеј, недалеку од самиот Солунски Залив, на надморска височина од само 9 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар претставува 61 квадратен километар.

Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида. Во негова близина поминува автопатот Солун-Атина, а од самиот град Солун е оддалечено околу 30 километри.

Историја

Селото уште од своето основање било населено со грчко население.[2]

Во 1949 година, Клиди и соседното село Калјани биле одвоени од општината Корифи и создале нова општина Клиди. Од 1997 до 2011 година, Клиди било во рамките на поранешната општина Плати.[3]

Стопанство

Населението главно се занимава со земјоделство, при тоа одгледувајќи големи количества пченица, памук, овошје, шеќерна репка и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со сточарство.[2]

Население

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Чинар Фурнус, Солунска каза, живееле 600 Грци христијани и 80 Роми.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Клиди (Klidi) живееле 400 Грци.[5]

Во пописот од 1913 година, селото било споменато со 407, во 1920 година со 455, а во 1928 година со 434 жители, од кои само 9 бегалци. Во 1940 година, Клиди имало 574, во 1951 година 775, во 1961 година 873, во 1971 година 997, во 1981 година 1.244, во 1991 година 1.412 жители. Зголемувањето на бројот на жителите се должело на извршените мелиорации, на плодноста на земјиштето кое се наводнува и на добрите комуникации, поради близината на автопатот Солун-Атина и на самиот град Солун.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.347 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.249 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Клиди, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

  • Клидиски мост — римски мост кај селото, прогласен за споменик на културата

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads