Крабул
село во Мелничко, Пиринска Македонија, денес во Општина Сатовча, Благоевградска област, Бугарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крабул — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Крабул се наоѓа на 20 километри североисточно од Хаџидимово и на 20 километри југозападно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 825 метри, во историко-географската област Чеч. Селото е расположено источно од реката Бистрица на север од село Боголин. Атарот на селото зафаќа површина од 11.029 км2.
Remove ads
Историја
Ран период
Крабул има долга историја. Селото постои уште од античко време. Ова е потврдено од тракиските гробови што ги откриле селаните додека ги обработувале своите ниви. Откриени се остатоци од еднокорабна црква од V век, околу која се развила некропола за време на средниот век[2]. Крибул најверојатно е наследник село Букорово кое било напуштено од луѓето[3]. Селото е познато и по тоа што е единственото во областа Чеч кое во кое има откриени траги од развој на средновековна црна металургија[4].
Османлиско Царство
Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крабул (Kraboul) е село со 50 семејства и 140 Помаци[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители, сите македонски муслимани[6] Според Стефан Верковиќ во 1881 година во селото живееле 180 муслимански машки лица во 50 куќи.[7].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1934 година името на селото било променето во Крибул.
Крибулски рид на Антарктикот името го добил според селото[8].
Remove ads
Население
Како резултат на Балканските војни, од 438 жители во 1910 година, само 217 останале во селото во 1920 година.[9] Во 1899 година, селото имало население од 290 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското Царство[10]. Според Димитар Гаџанов, во 1916 година в Абланица, Боголин и Крибул живееле 1692 Помаци.[11]
Според податоците на пописот во годините 1926, 1934, 1946 и 1956 година, населението на Крибул било 218, 170, 227 и 254 души.[12]
![]() |
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads