Латово
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Латово — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во јужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, недалеку од левата страна на регионалниот пат Македонски Брод-Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2] Сместено е во долина помеѓу планините Песјак и Бушева.
Атарот зазема површина од 24,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.170 хектари, на пасиштата отпаѓаат 93 хектари, а на обработливото земјиште 87 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Латово било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Латово имало 400 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Латово имало 480 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Латово во 1961 година било средно село по големина со 318 жители, но во 1994 година преминало во мало село со 98 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Латово имало 85 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, од кои 58 Македонци, 1 Албанец и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Латово е чисто македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Родови во Латово се: Јовевци (6 к.), Богдановци (6 к.), Пандиловци (5 к.), Радевци (2 к.), Пајкаровци (1 к.), Ѓенко (1 к.), Санде (1 к.), Софрониевци (2 к.), Страшко (1 к.), Фитко (1 к.), Соколовци (11 к.), Картаровци (1 к.), Ферче (1 к.) и Ѓулевци (9 к.), сите овие родови се староседелци; Требинци или Мицковци (2 к.), доселени се од селото Требино, во Требино се доселени од Мидинци. Од овој род потекнувал Мицко кој учествувал во Брсјачката Буна; Волкановци (2 к.), доселени се од селото Девич и Матичевци (2 к.), доселени се од селото Козичино.[13]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Трајковци (1 к.), Ивановци (4 к.), Ивановци втори (5 к.), Дојчиновци (6 к.) и Стаменковци (2 к.), староседелци; Симевци (7 к.), доселени се од некое село во Прилепско, некое време живееле и во Солунско; Јовевци (8 к.), се повратиле од Солунско; Деспотовци (12 к.), доселени се од некое село во Крушевско; Мицковци (4 к.), доселени се од Требино, кога се истурчило; Мотичевци (5 к.), доселени се од Козичино; Трајковци (1 к.), доселени се од Девич, предокот кој дошол во Латовов, се населил како домазет; Климевци (1 к.) доселени се од селото Лажани, Прилепско.[14]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Латово се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Сланско, Суво Дол и Требино.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0227 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 63 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 59 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Гладница — населба од доцноантичко време; и
- Латински Гробишта — некропола од доцноантичко време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Богородица” — главна селска црква
- Црква „Св. Петар и Павле” — манастирска црква
- Манастири
- Латовски манастир — изграден во 1938 година
Личности
- Родени во Латово
- Мицко Крстевски — македонски ајдутин, подоцна прв српски четнички војвода во Македонија
- Иван Василев Митрески — крушевски делегат на Смилевскиот Конгрес
- Мисајле Ѓурчинов Лазороски — реонски началник на Рабетинкол по Илинденското востание
- Трајан Костадинов Влкановски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Божин Каралески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Богдан Илиески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Димитрија Богатиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Мисајле Ѓурчиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Петре Крстески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Стале Петрески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Трајче Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Драги Б. Ѓурчиноски — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[22]
- Стојан Ристески — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[23]
Remove ads
Галерија
- Куќи во Латово
- Сретселото на Латово
- Патоказ за Латово
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads