Мидинци

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Мидинциmap
Remove ads

Мидинци — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Мидинци се наоѓа во областа Горно Кичево, на Зајаска Река. Селото е меѓу планините Буковиќ и Бистра, оддалечено 13,4 километри северно од Кичево. Атарот на селото Мидинци граничи со атарите на селата: Од исток Букојчани, од запад Колари, од југ Зајас, и од север Србиново. Одделни места во атарот на селото ги носат следните имиња: Присој, Буковиќ, Поле, Осијница, Момиран, Колиби, Киш, Варвароец, Качидол, Бачишки ридои, Гура и Голема ледина. Селото е со куќи од збиен тип и се состои од Горна, Чилевска и Илијовска маала.[2]

Remove ads

Историја

Во XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.

Според податоците од 1873 година, селото Мидинци имало (познато како Маданци) 19 домаќинства со 70 жители христијани (Македонци).[3]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Мидинци:[4]

Повеќе информации Домаќинства, Гурбетчии ...
Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мидинци живееле 192 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Мидинци имало 152 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мидимци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Мидинци живеат 33 жители, од кои 31 Македонец и 2 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, од кои 25 Македонци, 28 Албанци, 1 останат и 6 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Мидинци е населено со македонско православно население, во селото има и староседелски и доселенички родови.

Родови во Мидинци се: Чилевци (10 к.), Лазевци (2 к.), Степановци (2 к.) и Илијовци (4 к.), ова се староседелски родови, родовите Лазевци и Степановци потекнуваат од ист предок; Китановци (4 к.) доселени се од некое село во мијачкиот крај, затоа овој род ги нарекуваат Мијаци; Иљковци (2 к.) доселени се од сега албанското село Колари, го знаат следното родословие: Петре (жив на 38 г. во 1961 година) Методија-Стојан-Иљо кој се доселил; Столевци (2 к.) доселени се исто така од селото Колари, го знаат следното родословие: Столе (жив на 52 г. во 1961 година) Гаве-Исе кој се доселил. Тие се најмлад род во селото.[2]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Балтовци (3 к.), Мијовци (6 к.), Станишовци (5 к.) и Влчевци (1 к.) староседелци. Од Влчевци има иселеници во Ваљево; Китановци (5 к.) доселени се од мијачкиот крај; Чилевци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде; Тодоровци (1 к.) доселени се од некое околно село; Столевци (3 к.) доселени се од мијачкото село Тресонче. Некои од нивниот род преминале во Колари, и таму се поалбанчиле. Ги викале Садиковци.[15]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Црквата „Св. Петка“ во Мидинци
  • Црква „Св. Петка“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 822 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 32 гласачи.[17]

Стопанство

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од средината на XIX век Мидинци било изложено на напади од околните Албанци од селата Зајас и Колари, па поради тоа Македонците почнале непрестајно да се иселуваат. Иселениците се иселувале во Белград и Смедерево, а иселеници има и на други места. Така родот Здравковци се иселил во Требино, а од Требино подоцна се иселиле во Латово, од кои потекнува Мицко Крстевски. После Втората светска војна, во Кичево се иселиле 4 домаќинства.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads