Лоис Опенда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Икома-Лоис Опенда (роден на 16 февруари 2000 во Лиеж) — белгиски фудбалер, напаѓач на Јувентус, на заем од РБ Лајпциг, и на белгиската репрезентација.
Remove ads
Биографија
Роден е во Лиеж, Белгија, од татко конгоанец и мајка мароканка.[3]
Технички карактеристики
Физички силен напаѓач, иако не е особено висок, кој претпочита да се движи низ целиот напаѓачки фронт;[4] тој има одлична брзина и добра индивидуална техника.[4]
Клупска кариера
Почетоци и Клуб Бриж

Опенда играл како младинец за Патро Оте и РФК Лиеж, пред да се приклучи на младинската академија на Стандард.[5]
Во 2015 година, Опенда се преселил во академијата на Клуб Бриж, клубот со кој го имал своето деби како професионалец на 10 август 2018 година, за време на натпреварот од Белгиската Про лига против Кортрејк во кој го заменил Јеле Восен по 80 минути игра.[6] На 18 септември 2018 година, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи повторно како замена за Восен во поразот со 1-0 на домашен терен од Борусија Дортмунд. Својот прв гол за клубот го постигнал на 3 февруари 2019, во натпреварот од првенството против Гент, кој завршил без победник 1-1.
Заемот во Витесе
На 21 јули 2020 година, Опенда се приклучил на холандскиот клуб Витесе во Ередивиси, на позајмица до крајот на сезоната.[5][7][8] Својот прв гол за клубот го постигнал на 3 октомври, во победата од 3–0 над Хераклес Алмело.[9] За време на својот престој во Витесе, тој му помогнал на клубот да стигне до финалето на Купот на Холандија, каде загубиле со 2–1 од Ајакс, пришто Опенда го постигнал единствениот гол за тимот од Арнхем.[10][11] По позитивната прва сезона, која ја затворил со 38 настапи и 13 гола комбинирано меѓу првенството и купот на Холандија, во јуни 2021 година, позајмицата на Опенда во клубот била продолжена за уште една сезона.[12]
Во втората сезона, Опенда се претставил уште подобро: со 18 постигнати гола,[13] тој бил втор најдобар стрелец во првенството зад Себастjeн Але, помагајќи му на Витесе да го освои шесттото место на крајот на сезоната во Ередивиси. Тој, исто така, постигнувал голови во меѓународното натпреварување, Лигата на конференциите, каде Витесе бил елиминиран во осминафиналето од Рома.
Ланс

На 6 јули 2022 година, Опенда потпишал петгодишен договор со францускиот клуб Ланс.[14] Своето деби за клубот го направил на 7 август 2022, играјќи како стартер во победата со 3-2 на домашен терен над Брест во Лига 1. Својот прв гол во дресот на Ланс го постигнал на 20 август, во победата со 4-1 на гостувањето кај Монако. На 28 октомври, тој постигнал хет-трик за Ланс во победата од 3–0 над Тулуза.[15] По осум натпревари во низа без да постигне гол, на 12 март 2023 година, Опенда го постигнал најбрзиот хет-трик во Лига 1 во рок од само четири минути и 30 секунди (од 31-вата до 35-тата минута), при победата од 4–0 на гости над Клермон, соборувајќи го претходниот рекорд на Мат Мусилу.[16]
РБ Лајпциг
Во јули 2023 година, тој бил купен од Ред Бул Лајпциг за 42 милиони евра, станувајќи најскапо платениот играч во историјата на германскиот клуб.[17] На 19 август, тој го постигнал својот прв гол на своето деби во Бундеслигата во поразот од 3–2 од Бајер Леверкузен.[18] На 4 октомври, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во поразот од 1–3 на домашен терен од Манчестер Сити.[19] На 28 ноември, Опенда постигнал два гола и на Етихад против Манчестер Сити, иако неговиот тим повторно загубил со 3–2.[20] Својата прва сезона во Бундеслигата, Опенда ја завршил како најдобар стрелец на Лајпциг со 24 постигнати гола, единствено Хари Кејн и Серу Гираси постигнале повеќе од него.[21]
Следната сезона, поради кризата во резултатите на клубот во првенството, перформансите на Опенда, исто така опаднале, и тој ја завршил сезоната со 9 гола. Сепак, на 31 август 2024 година, Опенда постигнал два гола против Баер Леверкузен во победата од 3–2 на гостински терен, со што ја прекинал нивната серија без пораз во Бундеслигата која траела 15 месеци.[22]
Јувентус
На 1 септември 2025, тој направил трансфер во Јувентус, преку позајмица со обврска за откуп во вредност од 40 милиони евра.[23][24]
Remove ads
Репрезентативна кариера
Опенда минал низ сите белгиски младински репрезентации. На 6 септември 2019 година, тој го имал своето деби за белгиската репрезентација под 21 година, играјќи како стартер во поразот со 1-0 од Велс во натпревар важечки за квалификациите за Европското првенство под 21 година 2021. На 15 октомври, тој го постигнал и својот прв гол за репрезентација, во победата од 4-1 на домашен терен против Молдавија во веќе споменатите квалификации.
Во квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2023, Опенда постигнал гол во секој од шестте натпревари во кој настапил - вклучително и два гола во победата со 3-0 над Турција - придонесувајќи значително за пласманот на репрезентацијата на првенството. Тој бил повикан и настапил и на завршниот турнир одржан во Грузија и Романија, каде Белгија го завршила својот пат после групната фаза.

На 8 јуни 2022 година, Опенда дебитирал за сениорската репрезентација на Белгија во победата од 6-1 против Полска во Друштвото на народите, постигнувајќи и еден гол на тој натпревар.[25]
Кон крајот на истата година, бил повикан од селекторот Роберто Мартинес во составот на „Црвените ѓаволи“ за Светското првенство 2022 во Катар.[26] Својот единствен настап на турнирот го имал во првиот натпревар во групата, победата со 1-0 над Канада, влегувајќи како замена на местото на стрелецот на единствениот гол Миши Батшуаји. Сепак, Белгија не успеала да ја мине групната фаза.
Две години подоцна, Опенда бил повикан во репрезентацијата за Европското првенство 2024 во Германија од новиот селектор Доменико Тедеско. Таму одиграл три натпревари, вклучително и осминафиналето (како стартер), во кое Белгија загубила со 1-0 од Франција со што го завршила своето учество.
Хронологија на репрезентативните настапи
Remove ads
Статистика
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 1 септември 2025.
Репрезентативна статистика
Хет-трикови
Remove ads
Титули
Клупски
Клуб Бриж
- Белгиско првенство : 1
- 2019-2020
- Суперкуп на Белгија : 1
- 2018
РБ Лајпциг
- 2023
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads