Мажучиште

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Мажучиштеmap
Remove ads

Мажучиште — село во Општина Прилеп, во Прилепското Поле, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куче кое гледа кон Мажучиште и Прилепско Поле од околниот рид

Селото Мажучиште е рамничарско село. Сместено е во Прилепско Поле, оддалечено 8 километри северно од градот Прилеп. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Варош на југоисток, Големо Коњари на југозапад, Заполжани на запад и Новоселани, Сенокос и Горно Село на север. Покрај селото поминува регионалниот пат R513 Прилеп - Македонски Брод - Кичево.

Remove ads

Историја

Мажучиште е старо село, што се гледа по старите родови кои претежно живеат во Горно Маало.[2] За време на ослободувањето од Турците, селото е затекнато како чифчиска населба, при што само 10 домаќинства имале своја земја. Сопственици на чифлиците биле: Аџи Муто, Аџи Мето, Шериф, Мамуд, Дурмиш, Асан, Мамут Дуро од Прилеп и Рамадан Курто од Дебар.[2]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 50 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[3]

Remove ads

Стопанство

Thumb
Грозје од сортата Вранец во Мажучиште

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мажучиште живееле 640 жители Македонци.[4] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мажучишта се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Мажучиште живеат 346 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 275 жители, од кои 251 Македонец, 4 Албанци, 4 останати и 16 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Мажучиште е македонско село.

Родови во Мажучиште се:

  • Староседелци: Апостоловци (19 куќи), Черговци (15 куќи), Барџевци (6 куќи) и Солевци (7 куќи). Черговци и Барџевци порано чинеле еден род.
  • Доселеници: Кондевци (7 куќи) доселени се од поречкото село Грешница; Жежовци (4 куќи) доселени се од Охридско; Шербановци (1 куќа) доселени се од Дебреште; Дековци (6 куќи) од селото Сенокос најпрво се населиле во Големо Мраморани, во денешното село се доселени 1897 година; Чибуковци (4 куќи) порано биле еден род со Дековци; Шумкаровци (10 куќи) од Галичани се иселиле најпрво во Беровци, па во денешното село од 1900 година; Клацковци (3 куќи) доселени се во 1900 година од селото Дупјачани; Големковци (2 куќи) од Дупјачани најпрво се иселиле во Сенокос, па во денешното село од 1900 година; Пејовци (1 куќа) доселени се во 1900 година од Долно Житоше; Апчевци (1 куќа) доселени се пред 1912 година од селото Беровци, во Беровци имаат истоимени роднини доселени од Прилеп; Шишковци (1 куќа) доселени се кога и Апчевци од Заполжани; Нешковци (3 куќи) доселени се после Втората светска војна од селото Гостиражни.[13]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Thumb
Параглајдер лета над Мажучиште

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1446 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 237 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Во селото се наоѓа црквата „Пресвета Богородица“.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Thumb
Поглед од ридот во близина на Мажучиште

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads