Марино
село во Општина Илинден From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марино е населено место во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
- За истоименото село во Славонија, Хрватска, видете ја оваа статија.
Remove ads
Географија и местоположба
Марино се наоѓа во Општина Илинден, сместено во Скопската Котлина. Места со кои се граничи се Јурумлери, Илинден, Кадино и Миладиновци.
Историја
Значително зголемување на населението Марино доживува во педесеттите години на XX век, со доселувањето на голем број луѓе од кривопаланечките села, а подоцна и од Куманово и Кратово.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марино живееле 100 жители, сите Македонци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 800 Македонци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.533 жители, од кои 3.396 Македонци, 129 Срби и 8 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.538 жители, од кои 4.146 Македонци, 3 Албанци, 4 Роми, 3 Власи, 83 Срби, 14 останати и 285 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Родови
Марино е македонско-српско село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:
Српски
- Доселеници: Станковиќи (2 к.) и Митиќи (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Пуковца во околината на Прокупље во Србија; Станојевиќи (1 к.) и Савиќи (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Маловишта кај Ниш во Србија; Велковиќи (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Шаиновца кај Прокупље во Србија; Костадиновиќи (1 к.) доселени се од околината на Лесковац во Србија; Дејановиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од околината на Ниш; Адровиќи (1 к.) доселени се во 1926 година од селото Адровиќа во црногорското приморје; Гајиќи (1 к.) доселени се во 1932 година од Срем; Паковски (1 к.) доселени се во 1946 година од Витина во Косово. Некои ги сметаат за православни Роми.
Македонски
- Доселеници: Нешиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Кучевиште; Левајковиќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Мирковци; Тапшаноски (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Љубанци; Костовци (1 к.), Илијевци (1 к.) и Павлеви (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љуботен; Ѓоргијовски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Бунарџик; Арсовски (1 к.) доселени се во 1941 година од некое село во Овче Поле; Мирчевски (1 к.) доселени се во 1941 година од Тетово; Брзаковски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Симоноски (1 к.) доселени се во 1941 година од Скопје. Некои велат дека се православни Роми (поради темната кожа); Слезенкови (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Цветаноски (1 к.) доселени се во 1941 година од скопското маало топанско; Топузовци (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Кароски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Мирковци; Сурловски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Канчевски (1 к.), Кајевски (1 к.) и Цветковски (1 к.) доселени се во 1941 година од мијачкото село Галичник; Митрови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Љуботен. Таму биле доселени од селото Побожје, припаѓале на родот Радиќевци; Пешовци (1 к.) доселени се во 1946 година од селото Побожје; Трпчески (1 к.) доселени се во 1948 година од селото Горно Соње.[7]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- ФК Марино
Личности
- Лилјана Дирјан (Скопје, 1953) - македонска писателка и новинар.
- Христина Андоновска (р. 1973) - асистент-истражувач на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads