Ново Село (Кичевско)

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Ново Село (Кичевско)map
Remove ads

Ново Село — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото е најчесто сретнуваното во Македонија и неговото значење е едноставно: спојување на придавката „ново“ со именката „село“, што доаѓа од мало населено место.[2]

Според преданието, името Ново Село потекнува откако селото се издвоила од Србица, откако биле блиску едно до друго.[3]

Географија и местоположба

Thumb
Традиционална куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во североисточниот дел на подрачјето на Општина Кичево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 1.040 метри. Од градот Кичево е оддалечено 24 километри.[4] Сместено е на западните падини на планината Челоица.

Куќите на ова село се наоѓаат на тераса на надморска височина околу 1.000 метри. На исток од селото се издигнува планинскиот врв Маја (1.824 м.).[5]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Рамниште, Крс, Свинска Дупка, Бела Бука, Магаречка, Бачилиште, Маја, Црковница, Голем Камен, Бостаниште, Ликој Ниви, Млаче, Глаучи, Мала Нивица, Кошара, Зад Кошара, Богданои Јарци, Богданов или Боглев Камен, Селиште, Под Леска, Бел Пат и Бела Вода.[5]

Селото има разреден тип и е поделено на три маала, од кои едното е македонско (Боглевско), а другите две албански (Балажовско и Коруновско).[5]

До селото води асфалтен пат од поголемото село Србица.

Remove ads

Историја

Thumb
Селска чешма

Месноста Селиште се наоѓа повисоко од селото, оддалечено 400 метри од македонското маало. Денес, таму се наоѓаат ниви и ливади, но нема старини. На патот за селото се наоѓаат албанските гробишта, на чие место старите велат имало „римски гробови“. Овие гробови, но и месноста Селиште, потврдуваат дека селото било населено одамна.[5]

Сепак денешното село не е многу старо. Тоа било основано кон крајот на XVIII век од страна на Македонецот Богдан (или Богле) доселен од околината на Прилеп. За него се говори дека чувал многу јарци над селото на планината Челоица, кои потоа ги продавал. Две месноста носат имиња по него, Богданои Јарци и Богданов Камен. Од него потекнуваат македонските родови.[5]

Во првата половина на XIX век, во Ново Село се доселиле двајца Арбанаси по потекло од Мат во Северна Албанија. Тие се населиле во средишниот и во јужниот дел на селото. Поради нивниот поголем природен прираст, Албанците од селото станале мнозинство. Имале свои пасишта југоисточно од селото, а до 1941 година и свои сточарски кошари во непосредна близина на Рабетино.[5]

Во XIX век, Ново Село било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 10,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 632 хектари, на пасиштата отпаѓаат 317 хектари, а на обработливото земјиште 86 хектари.[4]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција. Во минатото, во селото имало услужни објекти.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година, селото Ново Село имало 28 домаќинства со 62 жители муслимани и 36 христијани.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 185 жители, од кои 110 Македонци и 75 Албанци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ново Село имало 120 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ново Село се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци и 50 Македонци.[10]

Во 1961 година селото броело 316 жители, од кои 253 биле Албанци, а 61 жител Македонци, а во 1994 година бројот се намалил на 170 жители, од кои 159 Албанци, а 11 жители Македонци.[4]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Ново Село, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Ново Село живееле 143 жители, од кои: 2 Македонци и 141 Албанец.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 1 Македонец, 36 Албанци и 1 лице без податоци.[12]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Ново Село:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Ново Село е македонско-албанско село. Сите родови се доселени.[5]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Македонски родови: Јаковчевци (10 к.), Наумовци (3 к.) и Стојковци (1 к.), потекнуваат од предокот Богдан, кој бил и основачот на селото. Потеклото им е од некое село во Прилепско. Овде се доселени кон крајот на XVIII век. Го знаат следното родословие: Штерјо (жив на 75 г. во 1961 година) Никола-Јаковче-Марко-Богдан, кој го основал родот и селото.
  • Албански родови: Балажовци (24 к.) и Коруновци (11 к.), потеклото им е од областа Матија (во Албанија). Прво се доселил родот Балажовци, имаат истоимени роднини во Србица и Црвивци, кои потекнуваат од тројца браќа.

Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[3]

  • Македонски родови: Боглевци (9 к.), староседелци, населени околу срушената црква „Св. Спас“.
  • Албански родови: Балаж (17 к.), доселени од Матија во Албанија; Корум (14 к.), доселени се од Дебар.

Иселеништво

Од селото се имаат иселено најголемиот дел од македонското население, најмногу во градовите Кичево, Гостивар, Белград и Софија, додека за поединечни родови се знае за Трпевци (4 к.) во селото Јагол и Дојчиновци (1 к.) во селото Рабетино.[5]

Албанците од селото се иселувале во помал обем од Македонците, најмногу во Кичево, селата Србица и Поповјани, но и во Германија.[5]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Ново Село, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Србица, заедно со селата Арангел, Ново Село, Србица и Туин.

Избирачко место

Thumb
Главната селска црква „Вознесение Христово“

Во селото постои избирачкото место бр. 0788 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 136 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[15]
Џамии[15]
  • Џамија — главна селска џамија, која била изградена по Првата светска војна

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads