Арбанашко

село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia

Арбанашкоmap
Remove ads

Арбанашко — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Дел од главниот дел на селото Арбанашко, типично село од разбиен тип со поделени маала

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во североисточниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане. Селото е раштркано и има ридско-планински карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 770 до 920 метри.[2] Од патот Куманово-Крива Паланка, селото е оддалечено 14 километри, а од самиот град Куманово е оддалечено 34 километри.[2]

Арбанашко е едно од помалите села во Кумановско, но неговата положба имала значење. Заедно со соседното село Рамно се наоѓаат на падините на планината Козјак. Во нивна близина се наоѓа превојот Свиларце (1.160 метри), а преку тој премин водел важниот регионален пат помеѓу двете соседни области, Кумановско и Горна Пчиња.

Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, Арбанашко се наоѓа под селото Рамно и повисоко од Кокино, од кое е оддалено со ридовите Калиште и Бели Брег. Тоа е растурено на неколку долови и толку скриено што човек тешко може да го најде. Според него било поделено на 3 маала: Врбица, Распрук и Арбанашко.[3]

Атарот зафаќа површина од 8,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 397,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 206,1 хектар, а на шумите 203,7 хектари.[2]

Села со кои се граничи Арбанашко се: Рамно, Дејловце, Бајловце и Кокино. Во близина на селото се наоѓаат левите притоки на Пчиња, како Бистрица, која тече спрема запад, и Петрошница, која тече према југозапад.[4]

Селото е од разбиен тип, а маалата се поделени по роднинска линија. Секое маало е составено од 1 до 5 домаќинства и се наречени по нив.[4]

Remove ads

Историја

Thumb
Споменикот од НОБ со напишани имиња на загинатите за Арбанашко и околните села

Народната традиција наведува дека денешните жители се доселеници на ова подрачје. Меѓутоа, тие дошле на местото на старите иселеници, со што мора да се означи ова село како старо. Тоа може да се потврди и од повелбата на познатиот српски средновековен севатократ Дејан, кај се споменува селото Арбанаси. Повелбата, царот Душан ја потврдил на 10 август 1355 година.[4]

Цвииќ и Пурковиќ се сложуваат дека ова село се однесува на денешното Арбанашко. Српскиот географ Јован Цвииќ уште наведува дека „тие Арбанаси биле странци во областа во која се населиле“. Меѓутоа, на атарот на селото сите поими се словенски, а не постојат ниту остатоци кои не биле словенски. Се претпоставува дека името на селото не потекнува од вистинските Арбанаси, туку може да се работи и за Словени иселени од западниот дел.[4]

Во XIX век, Арбанашко било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Remove ads

Стопанство

Во турско време, плаќало спахилак од 7.000 грошеви и беглик од 3.800 грошеви. Произведувало јаболка.[3]

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

На атарот на Арбанашко успеваат ’рж, овес и јачмен. Исто така, доста застапено е сточарството, особено одгледувањето овци. Во минатото многу луѓе оделе на печалба.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Арбанашко имало 280 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арбанашко имало 280 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Населбата е мала и во 1961 година броела 263 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 63 жители, од кои 58 Македонци и 4 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Арбанашко имало 40 жители, од кои 38 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Како родови во Арбанашко се споменуваат: Стубличани (5 к.), доселени од селото Сурлица од Горна Пчиња (до крајот на Втората светска војна нивното маало се сметало како дел од Кокино); Пајтари (1 к.), доселени од Нерав од Горна Пчиња; Скендерци (3 к.), не им се знае потеклото; Пољанчани (3 к.) и Врбичани (2 к.), потекнуваа од ист предок; Бајрактарци (4 к.) и Лингурци (2 к.), и тие потекнуваат од еден предок; Колчаковци (5 к.), доселени од негде; Гајаци (1 к.), Куравци (1 к.) и Кашкалци (1 к.), сите од еден предок; Мурудинци (2 к.) и Гарејци (2 к.).[4]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Арбанашко, во која влегувале селата Арбанашко, Буковљане, Длабочица, Рамно и Цветишница.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Арбанашко, во која покрај селото Арбанашко се наоѓале и селата Буковљане, Дејловце, Длабочица, Осиче, Рамно и Цветишница.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Спас“, која останала недоизградена во текот на Втората светска војна
Цркви
Споменици
  • Споменик на НОБ, подигнат во чест на 40-годишнината од заседанието на АСНОМ, на кој се опишаните позначајните настани на подрачјето на месната заедница Арбанашко, жртвите и загинатите борци

Редовни настани

Иселеништво

Селото по Втората светска војна бележи намалување на бројот на жители. Главно жителите се иселувале во Скопје (20 домаќинства) и во банатското село Глогоњ (10 домаќинства). Исто така, родот Арбанашанци (околу 25 к.) се населиле во близина на Куманово, додека Мајорци (1 к.) живеат во Облавце.[4]

Галерија

Споменик на НОБ

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads