Океан (бог)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Океан (бог)
Remove ads

Океан (грчки: Ωκεανός латински: Oceanus)[1] — син на богот на небото Уран и мајката на земјата Геја. Тој е најстариот титан.

Кратки факти Океан, Живеалиште ...
Remove ads

Митологија

Океан е бог на бесконечните и бескрајните длабоки водни површини што ја опкружуваат земјата.[2] Во бурните настани во „светот на митовите“, Океан се вмешал само еднаш, но доста успешно. Му помогнал на Зевс во победата против титанот Крон и да се проглси себе за врховен бог. За време на владеењето на Зевс, Океан мирно и спокојно, далеку од светот, живеел и немал обврски да присуствува во советот на боговите, а уживал почит од сите останати богови.

Со својата жена Тетија имал небројно потомство.

Некои митолози веруваат дека Океан владеел со сите морски води, вклучувајќи ги и Средоземното Море и Атлантскиот Океан, најголемите две водни површини кои ги познавале Хелените. Со текот на времето, со развивањето на географијата, Океан останал владетел на помал број на води во Атлантскиот Океан, а Посејдон, од помладата генерација на богови, владеел со Средоземјето.

Океан се разликувал од Понт, бог на морската длабочина и „внатрешноста на морето“ кои биле достапни за луѓето. Океан како бог на „површинското море“, за луѓето на кои не им било достапно морето, бил втор најпочитуван бог по Зевс.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads