Криј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во старогрчката митологија, Криј (старогрчки: Κρεῖος [1]/Κριός Kríos или Kreios) или на латински Crius е Титан, син на Уран (Небо) и Геја (Земја).
Remove ads
Мит
Криј е Титан, син на Уран (Небо) и на Геја (Земјата). Според Хесиод, тој бил женет со неговата полусестра Еврибија, ќерка на Геја и на Понт (Морето), од која ги добил децата Астреј, Палас и Персис. Павзаниј го наведува и Питон како негов син.
Во тек на Титаномахијата, по десетгодишна војна[2], Криј бил затворен во Тартар од страна на Зевс, кога Титаните изгубиле против олимписките богови помогнати од Киклопите и Хекатонхирите советувани од Геја.
Remove ads
Потекло на поимот
Иако "криос" бил старогрчки збор за "овен", хтоничната положба на Титанот во подземниот свет не го поврзува со соѕвездието Овен (Ариес), во зодијакот. Соѕвездието Овен е првото видливо соѕвездие на небото во пролетната сезона, означувајќи го почетокот на новата година во старогрчкиот календар.
Поколение
Заедно со Еврибија, ќерката на Земјата (Геја) и Море (Понт), ги добил децата Астреј и Палас, како и Персис. Спојот на Астреј со Еос (Зората), довеле до Еосфор, другите ѕвезди и ветровите.
Во уметностите
Криј е главен лик во италијанскиот комичен филм Титани на Дучо Тесари во 1962, кој користи божества и јунаци од митологијата но измислува оригинална интрига. Криј, кој го глуми Џулијано Гема, е претставен како најслабиот но најпаметниот од сите Титани.[3].
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads