Омар Фраиле

шпански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Омар Фраиле
Remove ads

Омар Фраиле Матаранза (шпански: Omar Fraile Matarranza; р. 17 јули 1990 ) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Тој е етапен победник на големите трки Тур де Франс и Џиро д’Италија и бил двократен победник на планинскиот пласман на Вуелта а Еспања.

Remove ads

Кариера

Каха Рурал (2013-2015)

Возел на Светското друмско првенство. На 26 април 2015 година, Фраиле го освоил Џиро дел’Апенино од мала група на возачи, претекнувајќи ги Стефано Пираци и Дамијано Кунего.[1] Оваа победа била прва професионална победа за Омар. Подоцна истата година, Фраиле ја освоил четвртата етапа на Четири дена Динкерк. Возел на Вуелта а Еспања 2015 каде го освоил планинскиот пласман,[2] со правење навремени бегства со цел да освои бодови за пласманот.[3]

Тим Дименжн Дата (2016-2017)

2016

Подоцна, Тим Дименжн Дата објавиле дека Фраиле ќе биде дел од нивната екипа за сезоната 2016.[4] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[5] но ја напуштил трката на петтата етапа.[6] Меѓутоа пред да ја напушти трката, Фраиле успеал да ја носи маичката во планинскиот пласман на третата етапа откако собрал доволно бодови на претходната етапа. Потоа, Фраиле го освоил планинскиот пласман на Вуелта а Бургос. На крајот возел на Вуелта а Еспања, каде го освоил планинскиот пласман уште еднаш.[7]

2017

Една недела пред да вози на Џиро д’Италија, Фраиле завршил втор на последната етапа на Тур де Јоркшир и втор во генералниот пласман. На единаесеттата етапа на Џиро д’Италија, Фраиле направил бегство и ја освоил етапата во спринтерска завршница меѓу членовите на бегството.[8] Успеал да освои доволно бодови во планинскиот пласман поради што ја носел водечката маичка два дена, за подоцна да ја изгуби.

Астана (2018-денес)

2018

На Париз-Ница, Фраиле завршил втор на последната етапа зад Давид де ла Крус во спринтот.[9] Меѓутоа, еден месец подоцна се одмаздил со победа на петтата етапа на Трката околу Баскија.[10] На крајот на април, Фраиле го освоил масовниот спринт на првата етапа на Тур де Романди.[11] Фраиле завршил трет на националното друмско првенство.[12]

Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[13] Ја освоил четиринаесеттата етапа на трката.[14] На крајот завршил на 57. место во генералниот пласман.[15]

На 4 август 2018 година, Фраиле настапил на Класика де Сан Себастијан и завршил на 24. место, 52 секунди зад победникот Жилијан Алафилип.[16]

Remove ads

Достигнувања

2013
10. Гран при де Плимелек-Морбијан
2015
Вуелта а Еспања
1. Планински пласман
Награда за борбеност на етапите 3 и 9
1. Планински пласман Трка околу Баскија
1. Џиро дел’Апенино
1. Етапа 4 Четири дена Динкерк
4. Класик Лоар Атлантик
10. Краен пласман Вуелта а Астурија
2016
Вуелта а Еспања
1. Планински пласман
Награда за борбеност на етапа 6
1. Планински пласман Вуелта а Бургос
7. Гран Премио ди Лугано
2017
1. Етапа 11 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Тур де Јоркшир
Награда за борбеност на етапа 12 на Вуелта а Еспања
2018
1. Етапа 14 Тур де Франс
1. Етапа 1 Тур де Романди
1. Етапа 5 Трка околу Баскија
3. Национално друмско првенство
Награда за борбеност на етапа 17 на Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads