Тур де Романди 2018
72. издание на велосипедската трка Тур де Романди From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тур де Романди 2018 (именувана и како Трка околу Романди) — 72. издание на велосипедската етапна Тур де Романди, која се одржала помеѓу 24 и 29 април како деветнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Била освоена од Примож Роглич од екипата Лото НЛ-Џамбо.
Remove ads
Рута
Remove ads
Екипи
Бидејќи Тур де Романди е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Единствена професионална континентална екипа на трката била Ванти-Груп Гобер.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
|
![]() |
Remove ads
Етапи
Пролог
Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Remove ads
Завршен пласман
Remove ads
Поредок
На Тур де Романди 2018 биле доделувани четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси на етапите — десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири секунди за третопласираниот. Немало временски бонуси на средните спринтови. Предводникот на пласманот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Тур де Романди 2018 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел и пласман за млад возач, кој се наградувал со бела маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите родени на и по 1 јануари 1993 можеле да учествуваат во пласманот.
Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала розовата, црната и сината маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања; постоеле шеснаесет категоризирани искачувања, поделени во три различни категории. На искачувањата од прва категорија, првите петорица возачи добивале бодови; првиот освојувал 12 бода. Бодови добивале исто така првите пет возачи на искачувањата од втора категорија, иако победникот освојувал само 8 бода. На искачувањата од третата категорија, само првите четворица возачи добивале бодови, а првиот меѓу нив добивал 5 бода. На искачувањата со етапни завршници во Шанпери и Лезен бодовите биле удвоени.
Постои и бодовен пласман. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле меѓу првите 15 возачи на етапите. На рамните друмски етапи; за победа на етапа, возачот добивал 50 бода, второпласираниот 30 бода, 20 бода за третопласираниот и така надолу, сè до два бода за 15. место. На поединечните хронометри и планинските етапи, бодови биле доделувани исто така на 15 возачи, но 30 бода за победникот, 25 бода за вториот, 22 за третиот и така надолу, сè до два бода за 15. место. На секоја од етапите постоеле два средни спринта. Првиот возач на овие спринта освојувал петнаесет бода, вториот возач десет бода и третопласираниот шест бода. Победникот во пласманот ја добивал зелената маичка.
Последен поединечен пласман била наградата за борбеност. По секоја друмска трка, жирито избирало еден возач на основа на покажаното и напорот на етапата. Возачот го добивал црвениот број на следната етапа. По последната етапа, жирито го бирало најборбениот возач на целата трка.
Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно. Водечката екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време и секој член на победничката екипа добива маичка со жолт број на завршниот подиум.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads