Трка околу Баскија 2015
велосипедска трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трка околу Баскија 2015 — 55. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија. Се одржала од 6 до 11 април и била деветта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Трката била освоена од страна на Хоаким Родригес.
Remove ads
Распоред
Remove ads
Екипи
Бидејќи Трката околу Баскија е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипе биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На две професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
Remove ads
Етапи
Етапа 1
- 6 април 2015 — Билбао до Билбао, 162,7 км
Еташа 2
- 7 април — Билбао–Виторија-Гастајц, 175,4 км
Етапа 3
- 8 април — Виторија-Гастајц–Зумарага, 170,7 км
Етапа 4
- 9 април — Зумарага–Арате, 162,2 км
Етапа 5
- 10 април — Еибар–Аја, 155,5 км
Етапа 6
- 11 април — Аја, 18,3 км
Remove ads
Поредок
На Трка околу Баскија 2015 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Баскија 2015 и победникот на пласманот бил победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел, исто така, и планински пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања.
Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads