Општина Јаболци
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Јаболци, именувана и како Месен народен одбор Јаболци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Јаболци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Јаболци, Нова Брезница, и Осинчани.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јаболци бил намален на сметка на новиот Месен народен одбор Сушица кој го добил селото Осинчани.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јаболци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговото село Осинчани, и соседниот и променет Месен народен одбор Држилово со неговото село Патишка Река.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Јаболци била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Држилово со неговото село Држилово.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Јаболци била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Ракотинци.[5]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Јаболци имал 1,409 жители, односно вкупното население на Јаболци, Нова Брезница, и Осинчани. Од таа бројка, 1,235 биле Македонци, додека 174 биле Албанци.[6]
Според пописот од 1953 година, Општина Јаболци имала 3,169 жители, односно вкупното население на Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Осинчани, и Патишка Река.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[7][8]
Народност | Вкупно |
Македонци | 1,538 |
Албанци | 806 |
Турци | 812 |
Срби | 1 |
Неопределени Југословени | 12 |
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads