Општина Ракотинци

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Ракотинци, именувана и како Месен народен одбор Ракотинци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1965 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Ракотинци за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Варвара, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Сопиште и Сушица. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]

1945-1965

Месниот народен одбор Ракотинци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Добри Дол, Ракотинци и Сушица.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Ракотинци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сопиште со неговото село Сопиште. Истовремено, МНО Ракотинци ја загубил Сушица, на сметка на новиот Месен народен одбор Сушица.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Ракотинци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговото село Маркова Сушица.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Ракотинци била проширена на сметка на укинатиот Месен народен одбор Долно Соње со неговите села Барово, Говрлево, Горно Соње, Долно Соње, Света Петка и Чифлик. Истовремено, Општина Ракотинци го добила селото Усје кое дотогаш припаѓало на Општина Драчево.[5] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Ракотинци била проширена бидејќи Општина Јаболци била укината и нејзините села Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Осинчани, и Патишка Река. Тогаш, Општина Ракотинци била проширена и со територијата на укинатата Општина Цветово со нејзините населени места Елово, Малчиште, Умово, Цветово, и Црн Врв. Исто времено, Општина Ракотинци го изгубила селото Усје, на сметка на Општина Кисела Вода.[6] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Ракотинци била укината и нејзината територија била припоена кон Општина Кисела Вода.[7]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Ракотинци имал 1,601 жител, односно вкупното население на Добри Дол, Ракотинци и Сопиште.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]

Народност Вкупно
Македонци 1,582
Роми 18
Црногорци 1

Според пописот од 1953 година, Општина Ракотинци имала 5,176 жители, односно вкупното население на Барово, Варвара, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Ракотинци, Света Петка, Сопиште, Усје и Чифлик.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[9][10]

Народност Вкупно
Македонци 4,226
Албанци 51
Турци 827
Роми 41
Срби 20
Хрвати 3
Црногорци 2
Неопределени Југословени 2
Останати Словени 4

Според пописот од 1961 година, Општина Ракотинци имала 9,506 жители, односно вкупното население на Барово, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Држилово, Елово, Јаболци, Малчиште, Нова Брезница, Осинчани, Патишка Река, Ракотинци, Света Петка, Сопиште, Умово, Цветово, Црн Врв и Чифлик.

Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[11]

Народност Вкупно
Македонци 5,463
Албанци 1,256
Роми 28
Срби 37
Муслимани 2
Словенци 1
Црногорци 2
Југословени 6
Останати 2,711
Remove ads

Поврзано

Забелешки

  1. Во административната поделба од 1945, 1947, 1950, 1955 година, Варвара не било спомнато како населено место, односно само неговиот атар како територија припаѓал на МНО/Општина Ракотинци.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads