Општина Држилово

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Држилово, именувана и како Месен народен одбор Држилово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1952 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Држилово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Умово, Цветово и Црн Врв. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Држилово продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Цветово и Црн Врв.[2][3][4]

1945-1952

Месниот народен одбор Држилово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Држилово.[5] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Држилово бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Патишка Река со неговото село Патишка Река.[6] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Држилово бил проширен на сметка на укинатиот Месен народен одбор Сушица со неговото село Елово, но истовремено МНО Држилово ја загубил Патишка Река која припаднала на Месен народен одбор Јаболци.[7] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Држилово бил укинат на сметка на Општина Јаболци која го добила селото Држилово, и Општина Цветово која го добила селото Елово.[8]

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Држилово имала 4,338 жители, односно вкупното население на Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Умово, Цветово и Црн Врв.[1]

Според пописот од 1921 година, Општина Држилово имала 3,709 жители. Таа се состоела од населените места: Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Цветово и Црн Врв. Според верската припадност, 23 биле православни, додека 3,686 биле муслимани. Според јазичната припадност, 2,769 биле Срби/Хрвати, 939 биле Албанци, додека 1 бил Турчин.[9][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Држилово имала 3,399 жители, од кои 1,669 биле мажи, а 1,730 биле жени. Општината се состоела од 553 куќи и 549 домаќинства во селата Држилово, Елово, Малчиште, Патишка Река, Цветово и Црн Врв.[10]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Држилово имал 1,347 жители, односно вкупното население на Држилово и Патишка Река.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[11]

Народност Вкупно
Македонци 776
Албанци 570
Турци 1
Remove ads

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads