Општина Вратница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Вратница — поранешна општина во Долен Полог, Македонија, која постоела во периодот 1952-1955 и 1996-2005 година. Општината престанала да постои согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена на Општина Јегуновце. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Седиште на општината било селото Вратница.[1]
- Оваа статија се однесува на Општина Вратница. За истоименото село, видете Вратница.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Вратница за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Беловиште, Вратница и Првце. Општината била дел од Долнополошкиот Срез, Битолски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Вратница продолжила да постои во рамки на Долнополошкиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина.[3][4]
1945-1955
Месниот народен одбор Вратница бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Теаречката Околија, Скопски Округ, а нејзино единствено населено место била Вратница. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Вратница, општината се проширила со селата Беловиште, Јажинце, Нераште, Одри, Орашје, Првце, Рогачево и Старо Село. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Вратница била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Теарце.
1996-2004
Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Вратница била обновена на сметка на намалената Општина Тетово. Нејзини населени места биле Беловиште, Јажинце, Орашје, Рогачево и Старо Село.[5] Според административната поделба од 2004 година, Општина Вратница била повторно укината на сметка на проширената Општина Јегуновце.[6]
Remove ads
Демографија
Според последниот попис од 2002 година, општината имала 3.563 жители,[7] од кои:
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

