Симон Шпилак
словенечки велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Симон Шпилак (словенечки: Simon Špilak; р. 23 јуни 1986 во Тишина) — поранешен словенечки професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2019 година.[1]
Remove ads
Професионална кариера
Шпилак е најмногу познат по победата на Тур де Романди 2010 откако му биле одземени постигнатите резултати на првичниот победник Алехандро Валверде. Шпилак завршил на второто место на трката во 2013 и 2014, на двапати зад победникот на Тур де Франс 2013, Крис Фрум. Во 2013 година победил на ГП Мигел Индураин и на Трката околу Франкфурт, единствените победи во годината.
Во 2015 година го освоил генералниот пласман на Тур де Свис со само пет секунди предност пред Герајнт Томас. Победата била одлучена на завршниот хронометар.[2]
Шпилак се смета за реткост во друмскиот велосипедизам, бидејќи како возач за генерален пласман повеќе цели кон еднодневните трки отколку кон големите трки од три недели.[3] Во интервју изјавил дека не ја сака жештината, поради што се подготвува за пролетните трки наместо големите трки кои се одржуваат лете.[4]
Во октомври 2019 година, Шпилак го објавил своето повлекување откако неговата екипа Катјуша-Алпесин се распаднала.[1]
Remove ads
Достигнувања
- 2004
- 1. Национално јуниорско друмско првенство
- 1. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 3.
Светско друмско првенство за под 19 години
- 2005
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 2006
- 1. Трофеј Сина Лагуна 1
- 2007
- 1. Ла Кот Пикард под 23 години
- 4. Краен пласман Трка околу Словенија
- 4. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 2008
- 5. Краен пласман Трка околу Словенија
- 5. Краен пласман Три дена Де Пане
- 9. Трка околу Фландрија
- 2009
- 1. Етапа 3 Трка околу Словенија
- 6. Краен пласман Џиро дела Провинча ди Гросето
- 2010
- 1.
Краен пласман Тур де Романди[б 1]
- 3. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2011
- 5. Краен пласман Трка околу Словенија
- 5. Џиро дел Фриули
- 2012
- 4. Краен пласман Париз-Ница
- 8. Краен пласман Тур де Романди
- 8. Краен пласман Трка околу Белгија
- 10. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2013
- 1. ГП Мигел Индураин
- 1. Трка околу Франкфурт
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 4
- 4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 4. Краен пласман Трка околу Баскија
- 6. Краен пласман Париз-Ница
- 9. Краен пласман Тур де Свис
- 10. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
- 2014
- 1. Етапа 5 Критериум ду Дофине
- 1. Етапа 3 Арктичка трка околу Норвешка
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 3
- 4. Краен пласман Трка околу Баскија
- 8. Краен пласман Париз-Ница
- 9. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2015
- 1.
Краен пласман Тур де Свис
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 3. Краен пласман Париз-Ница
- 2016
- 7. Краен пласман Тур де Романди
- 8. Краен пласман Трка околу Баскија
- 9. Краен пласман Тур де Свис
- 2017
- 1.
Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 7
- 2. Про Ецталер 5500
- 10. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2018
- 6. Краен пласман Тур де Свис
- 9. ГП Мигел Индураин
- 2019
- 5. Трофео Сера де Трамунтана
- 6. Краен пласман Тур де Свис
- 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 9. Краен пласман Тур де Романди
- 10. Краен пласман Волта ао Алгарве
Распоред на резултатите
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Белешки
- Награден ретроактивно откако резултатите на Алехандро Валверде биле повлечени по неговата двегодишна забрана во јуни 2010 година.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads