Париз-Ница 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Париз-Ница 2014 — 72. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, често наречена Трка на Сонцето. Започнала на 9 март во Мант ла Жоли и ќе заврши на 16 март во Ница, одржувајќи вкупно осум етапи. Таа е втора трка во сезоната на Светската турнеја и прва трка на европско копно.
Remove ads
Победникот на трката од 2013 година, Австралиецот Ричи Порт од Тим Скај,[1] кој требало да ја брани неговата титула, не настапил, бидејќи го заменувал Крис Фрум на истовремената трка Тирено-Адријатико.[2]
Трката била освоена од Колумбиецот Карлос Бетанкур од Аг2р-Ла Мондијал, кој го презел водството по освојувањето на кралската етапа, шестата етапа, откако исто така победил на петтата етапа, со што станал првиот колумбиски велосипедист, кој победил на трката. Бетанкур го освоил генералниот пласман со предност од 14 секунди пред второпласираниот Руј Кошта (Лампре-Мерида). Возачот на Аг2р-Ла Мондијал Артур Вишо го заокружил подиумот, шест секунди зад Кошта и 20 секунди зад Бетанкур, откако победил на последната етапа.
Во другите пласмани на трката, возачот на Џајант-Шимано Џон Дегенколб бил освојувач на зелената маичка за бодовниот пласман, освојувајќи најмногу бодови во текот на етапите на средните спринтови и етапните завршници, а Пим Лигтхарт бил победник на планинскиот пласман за екипата Лото-Белисол. Крајниот победник Карлос Бетанкур исто така ја освоил и белата маичка во пласманот за млад возач, бидејќи бил најдобро пласиран возач роден во 1989 или подоцна. Екипниот пласман бил освоен од екипата Мовистар Тим.
Remove ads
Распоред
Remove ads
Екипи
Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI World Tour биле поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. На три други екипи им биле доделени специјални покани и со тоа била создадена групата од 21 екипа.
Екипите кои настапиле на трката биле:[4]
Remove ads
Етапи
Етапа 1
- 9 март 2014 — Мант ла Жоли до Мант ла Жоли, 162,5 км[5]
Етапа 2
- 10 март 2014 — Рамбује до Сен Жорж сир Болш, 205 км[6]
Етапа 3
- 11 март 2014 — Туси до Невер Мањи-Кур, 180 км[7]
Етапа 4
- 12 март 2014 — Невер до Белвил, 201,5 км[8]
Етапа 5
- 13 март 2014 — Креш сир Сон до Рив де Же, 153 км[9]
Етапа 6
- 14 март 2014 — Сен Сатирнен лес Авињон до Фајенс, 221,5 км[10]
Етапа 7
- 15 март 2014 — Мужен до Биот, 195,5 км[11]
Етапа 8
Remove ads
Поредок
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads