Влае
Населба во Општина Карпош From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Влае — урбанизирана населба, составена од две поднаселби означени како Влае I и Влае II. Влае е во состав на Општина Карпош, Скопје. Населбата Влае се наоѓа во западниот дел на Скопје, меѓу населбите Ѓорче Петров (на запад), Злокуќани (на север), Хром (на југ) и Карпош IV (на исток). Наслебата лежи од левата страна на реката Вардар. Низ Влае поминува прометниот булевар „Партизански одреди“, што ја прави населбата минувалиште за речиси сите што патуваат од Скопје кон Тетово.
Remove ads
Население
Народносниот состав на населението во Влае е воглавно Македонци со помал број на Срби и други заедници. За разлика од останатите скопски населби, Влае претежно е составено од поединечни куќи за живеење, со исклучок на делот Порта Влае, кој е сочинет од големи згради. Според пописот од 2002 година, населбата Влае има 6.809 жители, од кои:
- Македонци — 6.340 (93,11 %)
- Срби — 249 (3,66 %)
- Албанци — 47 (0,69 %)
- Власи — 40 (0,59 %)
- Турци — 11 (0,16 %)
- Бошњаци — 7 (0,10 %)
- Роми — 6 (0,09 %)
- останати — 109 (1,60 %)
Население низ историјата
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[1]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[2]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[3]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Remove ads
Објекти во Влае
Поголемиот дел од Влае се состои од куќи и бараки. Единствените згради во Влае се комплексот згради Порта Влае, покрај неколкуте станбени згради што се наоѓаат на границата со Хром и се високи до 5 катови. Порта Влае претставува трговски центар, составен од 5 згради со бела пикувана фасада. Во приземјето и на мезанинот има деловни простории, а останатиот дел се станови. На кејот на реката Вардар, на северната страна од мостот „Обединети нации“ се наоѓаат бројни луксузни куќи и имоти. Јужно од мостот се наоѓаат фудбалски и кошаркарски игралишта и детско игралиште. Во Влае се наоѓа и таканаречениот железнички мост (сега булевар), јужно од „Обединети нации“, што значително го скратува патот од Влае и Хром до Тафталиџе и Капиштец. Во населбата има едно основно училиште, „Димо Хаџи Димов“ коешто се наоѓа јужно од булеварот „Партизански одреди“. Во училиштето учат околу 1700 ученици, без предучилишните од градинката во истото училиште. Поранешното име на училиштето било „Јосип Броз - Тито“. Друг познат објект во Влае е познатата продуцентска куќа К-15. Долго време во изградба беше познатиот пешачки надвознички мост „Влајко“. Поставен е поставен на многу непрометно место, на околу 100 м од главниот пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, што ја прави неговата улога многу незначителна.
- Цркви


Remove ads
Историја

Според традиционалните преданија, селото е создадено во подалечното минато со преселба на жители од Горно Нерези на падините на Водно.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Ивлахлар и било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 21 маж христијанин, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 42 жители.[8]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 244 жители.[9]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Влае имало население од 40 жители Македонски христијани.[10] За селото Влае, Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека било расположено на брегот на реката Вардар и имало околу 2.000 врби и било „едно село највесело“.[11] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година Влае имало 32 егзархисти.
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 29 жители. Било дел од Општина Бардовци.[12] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[13]
Влае е една од поновите населби во Скопје. Изградена е по земјотресот во 1963 година со своевидно проширување на селото Влае, со донации од владата на Словенија. Затоа поголемиот дел од улиците имаат имиња на словенечки писатели, како на пример „Иван Цанкар“, „Франце Прешерн“ итн.
Археолошки наоѓалишта
- Мост на Лепенец I — осамен наод од римско време
- Мост на Лепенец II — осамен наод од римско време
- Улица 1462 — осамен наод од римско време
Личности
- Бранко Црвенковски — премиер и претседател на Република Македонија
- Христијан Мицкоски — политичар
- Драган Симоновски — портпарол во министерството за транспорт и врски
- Синоличка Трпкова — глумица и професор на Факултетот за драмски уметности
- Валентина Божиновска — глумица и политичар
- Сашо Спасовски — пејач
- Љубица Јанешлива — универзитетски професор во пензија
- Александар Гичевски — универзитетски професор во пензија
- Милан Панчевски — поранешен претседател на југословенското собрание
- Бубо Каров — комичар
- Георги Божинов — сликар
- Душко Стојановски — професор
- Видое Подгорец — писател
- Венко Андоновски — писател и професор на Филолошкиот факултет
- Стојко Пижевски — универзитетски професор во пензија и колекционер на олдтајмери
- Сашо Пижевски — поранешен шоумен и пејач
- Глигор Поповски — писател за деца
- Георги Божиков — оперски пејач
- Боро Стојкоски — началник во МВР и претседател на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија
- Видое Подгорец — писател
- Александар Ристовски — пејач и композитор
- Перо Антиќ — кошаркар
- Врбица Стефанов — кошаркар
- Милева Велкова — ракометарка
- Љупчо Серафимов - ортопед, академик, проф. др.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads