Прекуморска Франција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прекуморска Франција (француски: France d'outre-mer) — 13 територии вон европскиот континент под управа на Франција, претежно остатоци од Француското Колонијално Царство кои останале дел од француската држава по деколонизацијата. Некои од нив се дел од Европската Унија. „Прекуморска Франција“ е збирно име кое се користи во секојдневниот живот, но нема административен статус. Петте прекуморски региони имаат ист административен статус како метрополските региони; петте прекуморски заедници се полуавтономни; Нова Каледонија е автономна територија. Во прекуморска Франција влегуваат островски територии во Атлантскиот, Тикиот и Индискиот Океан, Француска Гвајана на јужноамериканскиот континент, неколку околуантарктички острови, како и територија на Антарктикот. Изземајќи го округот Аделина Земја, каде Франција е суверена де јуре според францускиот закон, но исклучивото право на Франција е замрзнато со Антарктичкиот договор (1959), прекуморска Франција зафаќа површина од 120.396 км2[1] и сочинува 18,0 % од територијата на Француската Република.[2] Исклучивиот стопански појас (ИСП) на прекуморска Франција зафаќа 9.825.538 км2 или 96,7 % од ИСП на цела Франција.[3]
Вон Европа постојат четири класи на француски територијални единици: прекуморски департмани/региони, прекуморски заедници, особената територија Нова Каледонија и ненаселени територии. Од правно и управно гледите, овие класи имаат различен правен статус и степен на автономија, иако сите трајно населени територии имаат свои претставници во Националното собрание и Сенатот на Франција кои заедно го сочинуваат Парламентот на Франција.
Во јануари 2023 г. во прекуморска Франција имала 2.816.000 жители.[4] Највеќето од нив се државјани на Франција и Европската Унија со право на глас во француските и европските избори.
Remove ads
Уставни статуси
Прекуморски региони и департмани
Прекуморски региони имаат ист статус како регионите во самата Франција. Францускиот устав налага дека во нив важат истите закони како во метрополска Франција, но со можност за прилагодување на регионалните потреби. Затоа, месните администрации на прекуморските региони немаат право да носат закони.
- Гваделуп (од 1946)
- Мајот (од 2011) 1976–2003: особена прекуморска територија; 2001–2003: со статус на департманска заедница; 2003–2011: прекуморска заедница. Во 2009 г. е распишан референдум на кој населението се изјаснило дека сака да стане прекуморски департман. Тоа стапило на сила на 31 март 2011 г.
- Мартиник (од 1946)
- Реинион (од 1946)
- Француска Гвајана (од 1946)
Прекуморски заедници
Категоријата „прекуморска заедница“ (collectivité d'outre-mer или COM) е создадена со уставната реформа во 28 март 2003 г. Секоја прекуморска заедница има свои статутарни закони.
За разлика од прекуморските департмани/региони, прекуморските заедници имаат право да носат свои закони, освен за работите во надлежност на централната влада (одбрана, меѓународни односи, трговија и монетарна политика, правосудно и управно право). Со заедниците управуават месно избрани собранија, како и францускиот парламент и француската влада, каде се застапени од Министерот за прекуморјето.
- Француска Полинезија (1946–2003: прекуморска територија, од 2003: прекуморска заедница) Во 2004 добила статус на „прекуморска земја“ (pays d'outre-mer), но Уставниот совет на Франција појаснил дека ова не подразбира нова политичка категорија.
- Свети Вартоломеј: Во 2003 г. населението изгласало да стане прекуморска заедница на Франција. Свети Вартоломеј не е дел од Европската Унија со промената на статусот во 2012 г.
- Свети Мартин: Во 2003 г. населението изгласало одвојување од Гваделуп за да стане одделна прекуморска заедница на Франција.[5] На 7 февруари 2007 г. францускиот парламент на обете им доделил статус на прекуморска заедница.[6] Тој стапил на сила на 22 февруари 2007 г. со објавувањето во служен весник.[7] Свети Мартин и понатаму е дел од Европската Унија, како што е изложено во Лисабонскиот договор.[8]
- Свети Петар и Микелон (1976–85: прекуморски департман, 1985–2003: особена прекуморска територија, од 2003: прекуморска заедница). Иако има политички статус на прекуморска заедница, тој се нарекува „територијална заедница“.
- Валис и Футуна (1961–2003: прекуморска територија, од 2003: прекуморска заедница). Сè уште често се нарекува „територија“.
Особена заедница
- Нова Каледонија имала статус на прекуморска територија од 1946 до 1998 г. но со Нумејската спогодба од 1998 г. се стекнала со особен статус (statut particulier), на сила од 1999 г. Напоредно на француското и европското, воведено и новокаледонско државјанство; во тек е процесот на постепено предавање на надлежностите од француската држава со временска рамка од 15-20 години.[9]
Процесот сепак мора да се одобри на референдум. На досегашниоте референдуми населението се изјаснувало против независност на земјата.[10]
Прекуморска територија
- Француски Јужни и Антарктички Земји или ФЈАЗ (Terres Australes et Antarctiques Françaises, TAAF); прекуморска територија на франција (од 1956). Ова денес е единствената прекуморска територија. Со законот од 21 февруари 2007 г. Расеаните Острови се прогласени за петтиот округ на ФЈАЗ.
Посебен статус
- Клипертон (француски: Île de Clipperton или Île de la Passion; шпански: Isla de la Pasión) е ненаселен корален атол во Тихиот Океан со површина од 9 км2. Се наоѓа на 1.280 м југозападно од Акапулко, Мексико. Тој е во државна сопственост под непосредна управа на владата, и со него управува францускиот Министер за прекуморјето.

Remove ads
Учество во законодавството
Со население од 2.816.000 жители (2023), прекуморска Франција сочинува 4,1 % од населението на Француската Република.[4] Нејзините единици имаат свои претставници во двата дома на Францускиот парламент. Во 2022-2027 г. прекуморска Франција била претставена од 27 претаници во Националното собрание на Франција, или 4,7 % од вкупно 577 пратеници во државното собрание:
Преглед
Населени департмани и заедници
Единаесетте населени прекуморски територии на Франција се:
Ненаселени прекуморски територии
Неколку од овие територии имаат привремено население сочинето од истражувачи во научни станици.
Карта

Remove ads
Најголеми градови во прекуморска Франција
Ова се најголемите населени места наведени по бројот на население:
- Сен Дени (Реинион): 315.080 (2020)
- Поент а Питр–Лез Абим (Гваделуп): 312.630 (2020)
- Сен Пјер–Ле Тампон (Реинион): 222.614 (2020)
- Нумеја (Нова Каледонија): 182.341 (2019)
- Сен Пол (Реинион): 171.109 (2020)
- Кајена (Француска Гвајана): 151.887 (2020)
- Папете (Француска Полинезија): 138.861 ( 2022)
- Фор де Франс (Мартиник): 130.115 (2023)
Remove ads
Поврзано
- Метрополска Франција
- Француско Колонијално Царство
- Административна поделба на Франција
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads