Пјер Латур

француски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Пјер Латур
Remove ads

Пјер Латур (француски: Pierre Latour; р. 12 октомври 1993 ) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[2]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...

Тој е етапен победник на Вуелта а Еспања и двократен победник на националното хронометарско првенство.

Remove ads

Кариера

Поради административна грешка кога бил аматер, Латур обично е познат како „Роже“, односно како Пјер Роже Латур.[3]

АГ2Р Ла Мондијал (2015-денес)

2015

Во неговата прва година како професионален возач, Латур имал солиден настап на Рут ди Сид. Нападнал на третата етапа, но на последното искачување го стигнале Алберто Контадор и Наиро Кинтана. Не успеал да го следи Контадор на спустот. Ја завршил етапата на третото место, како и целата трка, освојувајќи го пласманот за млад возач.

2016

Thumb
Латур ја носел белата маичка на Тур де Франс 2018

На Тур де Романди, Латур го освоил пласманот за млад возач, што бил прв таков пласман на трка од Светската турнеја. По петтата етапа на Тур де Свис бил во водечката маичка, но на крајот ја напуштил трката. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[4] На трката ја постигнал својата прва етапна победа на некоја голема трка на претпоследната етапа, победувајќи го Дарвин Атапума.[5]

2017

Во сезоната 2017, Латур уште еднаш го освоил пласманот за млад возач на Тур де Романди. Кон крајот на јуни исто така го освоил националното хронометарско првенство. Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[6] Водел во пласманот за млад возач 2 дена пред да ја предаде маичката на Сајмон Јејтс, кој победил на крајот. Латур завршил шести во пласманот за млад возач на Тур. Ја завршил годината со деветто место на Милано-Торино и шесто место на Хроно де Насионс.

2018

На Волта а Каталуња, Латур стигнал до подиум со третото место и го освоил пласманот за млад возач. Исто така, завршил осми на Тур де Романди и седми на Критериум ди Дофине, каде го освоил пласманот за млад возач. Кон крајот на јуни по вторпат го освоил националното хронометарско првенство. Во јуни настапил по вторпат на Тур де Франс. Изгубил време веќе на првата етапа, но повратил дел од него кога завршил втор на шестата етапа зад Даниел Мартин. Успеал да влезе во водство на пласманот за млад возач по десеттата етапа и го освоил пласманот на крајот на трката.

Remove ads

Достигнувања

2010
3. Краен пласман Тур ди Валроме
2011
1. Класик дез Алп за јуниори
2. Национално јуниорско друмско првенство
4. Краен пласман Реџо-Тур
1. Етапа 1
5. Краен пласман Трофео Карлсберг
2013
1. Же де ла Франкофони
4. Пиколо Џиро ди Ломбардија
5. Тур ди Ду
6. Краен пласман Ронд де л’Изар
1. Пласман за млад возач
7. Краен пласман Тур ди Жеводан Лангдок-Русијон
1. Пласман за млад возач
8. Краен пласман Тур де Пеи де Савоја
2014
1. Гран при де Сен Лие
1. Гран при Кур ла Вил
3. Трка Јура
3. Пиколо Џиро ди Ломбардија
5. Краен пласман Тур де Пеи де Савоја
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
9. Краен пласман Тур де л’Ен
2015
3. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 4
3. Краен пласман Рут ди Сид
1. Пласман за млад возач
5. Краен пласман Вуелта а Бургос
7. Краен пласман Трка околу Австрија
7. Краен пласман Етоал де Бесеж
10. Краен пласман Тур де Пикарди
2016
1. Етапа 20 Вуелта а Еспања
1. Пласман за млад возач Тур де Романди
2. Краен пласман Критериум Интернационал
1. Пласман за млад возач
3. Краен пласман Тур де л’Ен
7. Краен пласман Етоал де Бесеж
1. Пласман за млад возач
10. Џиро ди Ломбардија
10. Трофео Лаигвелја
2017
1. Национално друмско првенство
1. Пласман за млад возач Тур де Романди
3. Тур ди Финистер
4. Краен пласман Етоал де Бесеж
5. Класик Сид-Ардеш
6. Хроно де Насионс
9. Милано-Торино
2018
Национални друмски првенства
1. Хронометар
4. Друмска трка
1. Пласман за млад возач Тур де Франс
3. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Пласман за млад возач
6. Хроно де Насионс
7. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Пласман за млад возач
8. Краен пласман Тур де Романди
8. Класик Сид-Ардеш
2019
6. Краен пласман Трка околу Полска
7. Џиро дел’Емилија
9. Џиро ди Ломбардија

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

Распоред на резултатите на првенствата

Повеќе информации Настан, Олимписки игри ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads