Радово (Демирхисарско)

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Радово (Демирхисарско)map
Remove ads

Радово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Железник, на падините на планината Лубен. Оддалечено е 13 километри северно од Демир Хисар. Околни села се: Брезово и Кочиште од северозапад и север, Растојца и Ракитница од исток, и Суво грло и Сопотница од југ.

Историја

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радово живееле 250 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Радово имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 51 куќа.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Радово живеат 13 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Радово е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[14]

  • Староседелци: Ѓоревци (4 к.), Велевци (4 к.), Петревци (2 к.), Цветановци (4 к.), Митановци (5 к.), Дупчевци (3 к.) од овој род потекнува Алексо Стефанов, и Анѓелевци (6 к.).
  • Доселеници: Мијаковци (4 к.) основачот на родот дошол како домазет од некое село во мијачкиот крај, го знаат следното родословие: Толе (жив на 65 г. во 1951 година) Блаже-Јанкула, дошол некој дедо негов.
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 653 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[17]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Постари иселеници до 1951 година има во Србија (4 семејства, Крагуевац, Јабука, Парачин, Качарево), Бугарија (2 семејства), Романија (1 семејство), САД (2 семејства), Битола (7 семејства).[14]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads