Рајна-Рур

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рајна-Рур
Remove ads

Рајна-Рур (германски: Metropolregion Rhein-Ruhr) — најголема метрополитенска област во Германија со околу 11.000.000 жители. Тој е полицентричен по природа и единствен мегаград во Германија. Таа зафаќа површина од 7.110 квадратни километри и целосно се наоѓа во рамките на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Метрополитенската област Рајна-Рур се шири од Дортмунд-Бохум-Есен-Дисбург (Рур) на север, до урбаните подрачја на градовите Менхенгладбах, Диселдорф (покраински главен град), Вупертал, Келн (најголемиот град во областа и германскиот четврти најголем град) и Бон на југот. Локацијата на Рајна-Рур во срцето на европската „сина банана“ го прави добро поврзан со другите големи европски градови и метрополитенски области , како што се Амстердам и Рандстад, Фламанскиот дијамант и Франкфурт/областа Рајна-Мајна.

Кратки факти Рајна-Рур Metropolregion Rhein-Ruhr, Држава ...
Thumb
Рајна во Келн
Thumb
Рајна во Диселдорф
Thumb
Рур во Есен

Метрополитенската област е наречена по реките Рајна и Рур, кои ги дефинираат географските одлики на области и историски неговиот економски столб.

Remove ads

Поделби

Постојат многу различни поддефиниции на она што му припаѓа на областа Рајна-Рур, но метрополитенската област официјално има граници со Хам на исток, Менхенгладбах на запад и Бон на југ и малиот град Везел како своја најсеверна точка. Северната граница е слична со границата на Рурската област.

Табелата подолу го покажува неофицијалниот збир на областите. Во официјалната дефиниција метрополитенската област е многу помала.

Повеќе информации Област, поголеми градови ...

Евростат Urban Audit го дели Рајна-Рур областа во шест Поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие шест урбани зони не ги покриваат градовите Ремшајд и Золинген, ниту округот Рајна-Нојс.

Повеќе информации Поголема урбана зона, поголеми градови ...
Remove ads

Градови со повеќе од 1.000.000 жители

Градови со повеќе од 500.000 жители

Градови со повеќе од 100.000 жители

Рурска област (Вестфалски дел)

Бохум, Ботроп, Гелзенкирхен, Хаген, Хам, Херне, Изерлон, Реклингхаузен, Витен

Рурска област (Рајнски дел)

Дисбург, Мерс, Милхајм во Рур, Оберхаузен

Бершки крај

Бершки Гладбах, Ремшајд, Золинген, Вупертал

Рајнска долина

Бон, Крефелд, Леверкузен, Менхенгладбах, Мерс, Нојс

Економија

Историски гледано, поголемиот дел од Рур бил во најголем дел се одликува со тешката индустрија од времето на доцниот 19-ти и раниот 20 век. Од средниот век, Келн, Дортмунд и другите градови биле важни регионални трговски центри, но во текот на 19-от век градот Диселдорф постигнал голем пораст и станал администативен центар на областа, а од 1945 година и политички главен град.

Денес, метрополитенската област Рајна-Рур изнесува околу 15% од БДП-то на германската економија и може да се постави како трет најголем БРП на метрополитенските области во Европската Унија и 16-ти најголем БДП во светот. И покрај оваа големина, областа Рајна-Рур често нема меѓународна конкурентност од недостатокот на единствена презентација, во која градовите и урбаните области во рамките на областа, често се занимаваат со посебна инвестициона политика едни против други.[17]

Во рамките на областа, Диселдорф и Келн се далеку најголеми економски центри,[18] со специјализација во финансиите/високата технологија и осигурувањето/мултимедија услугите соодветно. Други поголеми економски центри се Бон, Дортмунд и Есен. Областа е дом на дванаесет[19] Форчн Глобал 500 компании, меѓу кои се Е.ОН АГ, Диселдорф; Deutsche Post AG, Бон; Метро АГ, Диселдорф; Deutsche Telekom AG, Бон; ThyssenKrupp AG, Есен/Дисбург; RWE AG, Есен; Бајер АГ, Леверкузен; Франц Ханиел & ГмбХ, Дисбург; Евоник Индустрија, Есен; Аркандор АГ, Есен; Хохтиф АГ, Есен и Henkel Group, Диселдорф.

Remove ads

Сообраќај

Thumb
Карта на ДБ 2650 поврзувајќи го Келн со Хам

Метрополитенската област може да се пофали со два меѓународни аеродрома Келн/Бон и Диселдорф и неколку регионални/домашни аеродроми како Дортмунд, Диселдорф/Менхенгладбах и Веце. Градот Келн, исто така, е поврзан со аеродромот Франкфурт со едночасовна железничка брза линија Келн-Франкфурт.

Комерцијални аеродроми

Повеќе информации Аеродром, ИАТА код ...

Северна Рајна-Вестфалија ја има најгустата мрежа на аутобанови во Германија и Феркерсфербунд Рајна-Рур е регионалниот подземен железнички систем, кој ги поврзува сите градови и нивните локални У- и С-железнички системи (С-железница Рајна-Рур).

Пристаниште Дисбург (Дуиспорт) и пристаниште Дортмунд се големите индустриски пристаништа во внатрешноста и служат како центри по Рајна и германскиот континентален воден транспортен систем.

Remove ads

Туризам

Настани

Областа е домаќин на бројни мега настани, составени од забавни саеми и културни настани како што се кенски и диселдорфски карневал, Келн Комеди Фестивал, Рурфестшпиле Реклингхаузен, РурТринале и Келн геј прајд, како и трговските саеми на Келнскиот саем - Келнски саем и Саем во Диселдорф. Со капацитет од над 20.000 луѓе, Келнарена и Вестфаленхален влегуваат во кругот на најголемите затворени арени во Германија.

Областа е домаќин на осум фудбалски клубови, најуспешните меѓу нив се ФК Борусија Дортмунд, ФК Борусија Менхенгладбах, ФК Келн, ФК Шалке 04 и ФК Бајер Леверкузен.

Знаменитости

Неколкуте туристички одредишта во областа привлекуваат над 12 милиони туристи годишно; Келнската катедрала, самата над 6 милиони туристи. Други поважни атракции се палатите Августусбург и Фалкенлуст близу Бон и Замок Бенрат близу Диселдорф, како и рудникот за јаглен и индустриски комплекс Цолферајн и други знаменитости на европскиот пат на индустриското наследство.

Музеи

НРВ Форум, Уметничка галерија Северна Рајна-Вестфалија, Кунстхале Диселдорф, Музеј Кених, Музеј Лудвиг, Римско-германски музеј, Музеј Валраф-Рихарц, Неандерталски музеј и Германски музеј Бон се некои од најпознатите примери.

Remove ads

Образование

Метрополитенската област Рајна-Рур е дом на девет универзитети и преку 30 високи школи, со вкупно над 300.000 студенти. Најголемиот е најстариот универзитет е Келнскиот (Universität zu Köln), првично основан во 1388. Други универзитети се:

  • Универзитет Бохум,
  • Универзитет Бон,
  • Германски спортски универзитет Келн,
  • Технолошки универзитет Дортмунд,
  • Универзитет Дисбург-Есен,
  • Универзитет Диселдорф,
  • Универзитет Хаген и
  • Универзитет Вупертал.
Remove ads

Општини

Thumb
Оваа карта на Областа Рајна-Рур покажува околу 130 километри од север кон југ.

Следниве регистри ги покажуваат сите општини кои официјално припаѓаат на областа Рајна-Рур. Демографски, овие општини вклучуваат 20 градови (слободни градови (German: „Kreisfreie Städte“)), секој со повеќе од 100.000 жители и 11 окрузи (German: „Kreis“), секој со население со повеќе од 250.000 жители. Некои окрузи припаѓаат само делумно на областа Рајна-Рур. Во таков случај единствено општините кои припаѓаат на метрополитенската област се прикажани.

Повеќе информации Слободни градови, Општина ...
Повеќе информации Окрузи (Kreise), Општина/округ ...
Remove ads

Поврзано

  • Рајна-Лана
  • Рајна-Мајна
  • Список на метрополитенски области во Европа по население
  • Список на метрополитенски области во Германија

Наводи

Додатна литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads