Рулја
село во Костурско/Преспанско, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рулја (грчки: Κώτας, Котас, до 1927 г. Ρούλια, Рулја;[2] до 1932 г. Κατωχώρι, Катохори[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 10 жители (2021) и до денес е сочинето исклучиво од Македонци.[4]

Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 38 км југозападно од Лерин и на 30 км северно од Костур, во областа Корешта. Лежи во подножјето на планината Корбец, на надморска височина од 890 м.[4] Рулја е на десниот брег на Рулска Река, лева притока на Бистрица.
Историја
Османлиско време
Селото првпат се споменува во османлиски тефтер од 1530 г. под името Хровилја со 25 семејства.[5]. Според преданијата, селото изворно било сместено во месноста Горно Село, на самиот пат Лерин - Горица. Како крапатно место, страдало од османлиските војски што минувале по патот и го опустошувале, па затоа населението се преместило околу рушевините на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“. Во 1865 г. во Рулја е изградена истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ и е отворено народно училиште.[6].
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Рулја (Rulia), во Костурската каза, имало 36 доаќинства со 100 жители Македонци.[7][8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рулја имала 500 жители Македонци.[4][7][9] На почетокот од XX век целото население било под врховенството она Цариградската патријаршија. Според грчки извор, во селото имало 70-90 семејства. По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] Истата година турските власти му забраниле на учителот Л. Поповски од Д’мбени да отвори народно училиште во селото[11] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Рулја има 600 Македонци[7] под езаргхијата и работи бугарско училиште.[12] Според Георги Константинов Бистрицки, Рулја пред Првата балканска војна имала 75 куќи, сите Македонски.[7][13]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Руља се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 75 куќи.[14]
За време на Илинденско востание во 1903 г. во Рулја се организирале две чети на ВМОРО: селската со 37 четници, раководена од кметот Ставре и четата на Коте Христов со 169 четници, која се распуштила во 1904 г. поради преминувањето на Коте Христов на страна на грчка вооружена пропаганда[15]
Во првите денови од април 1908 г. власта извршила рација селото, притоа спроведувајќи го претресот со мачење и насилства.[16]
Во Грција
Со Букурешкиот договор селото е припоено кон дрчката држава, кога имало 572 жители.[4] Грчкит еединици го нападнале бугарското училиште и му ја одзеле сета училишна документација. Мештаните Л. Делов и Н. Лазаров биле уапсени под обвинание за пробугарско агитирање[17]. Во 1927 г. селото е преименувано во Катохорион, а во 1932 г. го добива името Котас, во чест на андартот Коте Христов.
Во 1995 г. во Рулја е отворен музејот „Капетан Коте“ во неговата родната куќа.
Remove ads
Население
Населението на Рулја постојано опаѓа, уште од нејзиното потпаѓање под грчка власт. Ова се должи на големото иселување на населението во прекуокеанските земји низ децениите.[4]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рулја, каде е единственото населено место.
Стопанство
Селото важи за доста сиромашно. Се произведуваат жито, грав, јаболка и компири.[4]
Личности

- Васил Иванов (1884-?) — деец на ВМОРО, учесник в Илинденското востание, војвода на селската чета по 1904 г., се отселил во Торонто[18]
- Васил Попкаранфилов (Βασίλειος Παπακαραφύλλης) — гркомански андартски деец
- Коте Христов Саров (1863 - 1905) — гркомански андартски капетан, претходно војвода на ВМОРО
- Сотир Котев Саров (1894 - 1971) — гркомански андартски капетан, син на Коте Христов
- Христо Попдимитров (Παπα Χρήστος Παπαδημητρίου) — гркомански андартски деец
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads