Русјаци

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Русјациmap
Remove ads

Русјаци — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Thumb
Поглед на селото

Името на селото првпат е споменато како „Русјак“ во XV век. Името потекнува од старословенскиот збор „Русјаци“ или пак од личното име „Русин“ со наставката „-ци“.[2]

Постои предание дека селото првобитно се викало Јасика. Но тука некогаш поминале Козаци (Руси) кои биле истерани од Русија и биле примени да го чуваат Султанот. Еден Козак се загледал и се заљубил во една жена од селото, која му родила дете. Тоа копиле бил мал Русјак, па оттука сите околни села населението на Јасика почнале да го нарекуваат Русјаци. Но ова предание не може да биде веродостојно, бар не за XVIII век, бидејќи во историските документи ова село се споменува под името Русјак во 1476/77 година, кога имало имало 7 словенски христијански домаќинства.[3]

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Споменик кај Русјаци, на местото каде што во ноември 1943 година бугарскиот фашистички окупатор, по ѕверско измачување убил пет борци на Првата Македонско-Косовска бригада

Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[4]

Атарот зафаќа простор од 13,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 844 хектар, на пасиштата отпаѓаат 389 хектари, а на обработливото земјиште 93 хектари.[4]

Покрај селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Кичево.

Remove ads

Историја

Во XIX век, Русјаци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русјаци имало 430 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русјаци имало 440 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Русјаци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Селото од средно по големина преминало во мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 328 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 68 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Русјаци имало 43 жители, од кои 42 Македонци и 1 Србин.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 10 Македонци, 1 останат и 3 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Русјаци е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите години на XX век родови во селото се: Станковци (12 к.), Мечкаровци (8 к.), Јанковци (7 к.), Чакаловци (3 к.), Несторовци (2 к.) и Вретенаровци (1 к.), староседелци, порано живееле во местото Горно Село, во родот Станковци се знае следното родословие: Насте (жив на 86 г. во 1961 година) Филип-Стојко-Нове-Милош, предокот Стојко преминал од местото Горно Село во денешното; Главиновци (2 к.) доселени се од поречкото село Суводол; Патерковци (6 к.), Џаџовци (3 к.) и Чулевци (3 к.), доселени се од селото Цер, Железник; Кркевци (2 к.), доселени се од некое село во Леринско, Егејска Македонија; Кунтафеловци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од прилепското село Ропотово; Поповци (1 к.), доселени се во турско време од селото Орланци и Латовци (1 к.) доселени се од селото Латово.[16]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Несторовци (4 к.), Милошевци (30 к.), чии гранки се Србиновци, Кршковци и Пурјаковци; Бежановци (27 к.), чии гранки се Каровци и Суводолци, овие родови се доселени од Закамен, Малесија (според авторот од охридско) дошле Милош, Божин и Нестор; Кулевци (6 к.) доселени однекаде; Поповци (1 к.) доселени од селото Орланци.[17]

Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Главната селска црква „Воведение на Пресвета Богородица“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Русјаци, во која влегувале селата Ореовец и Русјаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Ижиште, во која покрај селото Русјаци се наоѓале селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Ореовец, Пласница и Преглево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0226 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[18]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[20]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[21]

Личности

Родени во Русјаци
  • Милосим Војнески (р. 1959) — политичар
  • Трајан Никодинов Јовески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Вангел Симјанов Кузманоски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Насте Филипов Стојкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Аце Србиноски — македонски партизан.
  • Живко Дејаноски (1919 - 1944) — македонски партизан, загинат во НОБ.[25]
  • Добрица Андреевска — учесник во НОВ на Македонија.
Remove ads

Иселеништво

Од селото има големо иселување. Така тоа е пред целосно исчезнување. Постари иселеници има во Орланци (Тутунџиовци), Раштани (Пршевци). После Втората светска војна, до 1961 година од селото се иселиле преку 10 семејства во Кичево, Прилеп, Скопје, како и во Србија, во Белград и селото Јабука кај Панчево. Целосно изумрел родот Барбарчани кои биле доселени од раселеното село Барбарос во Порече.[16]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads