Свиниште
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свиниште — раселено село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. По потопувањето на атарот на селото со Стрежевското Езеро во 1980-тите години, единствен остаток од некогашното село е главната селска црква.
Оваа статија се однесува на битолското село. За кичевското, погл. Свињиште. За охридското, погл. Свиништа.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.[2]
Атарот зафаќал површина од 4,2 км2, кој сега е потопен со Стрежевското Езеро.[2]
Историја
За првпат, селото се споменува во турскиот опширен пописен дефтер во 1519 година, кога е запишано како Свиништа.[2]
Во XIX век, Свиниште било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Свињиштани биле добри ловџии, вредни дрводелци, мајстори, умееле да градат куќи и биле добри сточари и обработувачи на млеко и волна.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Свиниште имало 85 жители, сите Македонци христијани.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Свињишта се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 9 куќи.[4]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свиниште имало 96 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 235. По 1980 година селото е целосно раселено. На сите 150-тина свињиштани, односно на околу 40 домаќинства, на кои им биле одземени имотите поради градење на браната на ХС „Стрежево“, им биле изградени куќи во битолската Брусничка населба.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Свиниште немало жители.[7] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Свиниште е македонско православно село.
Родови во Свиниште се:
- Доселеници: Петревци (18 к.), Ѓорчевци (3 к.), Кочовци (2 к.) и Ѓолевци (2 к.). Првите два рода потекнуваат од ист предок, овие четири рода се стари доселеници со непозната старина; Цветковци (2 к.), доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско село; Наумчевци (5 к.), дојдени се во турско време исто така од селото Обедник; Котевци (3 к.), доселени се во турско време од селото Стрежево каде биле староседелци; Танчевци (3 к.), доселени се после 1918 година од селото Боиште во Железник.[12]
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црноец, во која влегувале селата Габаловци, Метимир, Лопатица, Облаково, Стрежево, Свиниште и Црноец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лопатица, во која покрај селото Свиниште се наоѓале селата Габаловци, Загориче, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0205 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Кажани, Стрежево и Свиниште, кое е сместено во шумарската куќа во Кажани.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[16]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Иселеништво
Постари иселеници до 1951 година од селото има во Битола (5 семејства), Канада (2 семејства), Австралија (2 семејства), Романија (1 семејство) и во Аргентина (1 семејство).[17]
Потоа иселеништвото продолжило и од Свиниште над 200 лица има раселено во САД, Канада, Австралија и низ европските држави.[2]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads