Габалавци
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Габалавци (на некои места се среќава и како Габалевци) — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Габалавци — село во северниот дел на Општина Битола (до 2004 беше во составот Општина Кукуречани). Од градот Битола е оддалечено 19 километри, а од спомнатиот пат 3,3 километри. Селото се наоѓа лево од патот Битола - Демир Хисар, а на десната страна на реката Шемница. Се работи за ридско село кое се наоѓа на надморска височина од 660 метри. Атарот на селото е мал — само 5,7 км2.
Историја
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Во периодот од 16 до 19 ноември 1912 година, Габалавци било зафатено од воените дејства за време на Битолската битка за време на Првата балканска војна. Во селото била стационирана турска артилерија која успешно била неутрализирана од српската војска.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Remove ads
Стопанство
Населението се занимава најмногу со полјоделство (одгледување жито и познатата кукуречанска пиперка). Обработливото земјиште зафаќа 349,3 хектари, пасиштата зафаќаат 291,3 хектари, додека само 8,7 хектари се шуми.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кобалевци живееле 1.200 жители, сите Македонци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Габаловци се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 15 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Габалавци е мало село и во 1961 година бројот на жители изнесувал 286. Во 1994 година бројот се намалил на 146, сите Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Габалавци живеат 114 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 69 жители, од кои 60 Македонци и 9 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Габаловци е македонско православно село, во селото има еден староседелски род, а сите останати родови во селото се доселенички.
Родови во Габаловци се:
- Староседелци: Тодоровци (4 к.)
- Доселеници: Бечвиновци (6 к.) доселени се однекаде; Шаљевци (2 к.) стари доселеници, не знаат од каде се доселени; Амаловци (5 к.) доселени се од Карамани или Трн; Коминовци (4 к.) доселени се од соседното село Секирани; Јанчевци (1 к.) доселени се од селото Стрежево; Марковци (1 к.) доселени се од Кукуречани; Пузевци (3 к.) доселени се од раселеното село Црн Врв; Могилчани (2 к.) потекнуваат од мајка која ги донела своите деца после премажувањето, она влегла во родот Марковци; Бошковци (3 к.) доселени се 1907 година од раселеното село Кочишта; Мицковци (2 к.) доселени се од селото Граиште во Железник; Марковци (2 к.) доселени се после 1912 година од селото Облаково, каде биле староседелци.[12]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 202 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Облаково.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 114 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[15]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главната селска црква изградена во 1890 г.
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Манастириште — наоѓалиште од непознат тип и период
- Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период
- Арапски Гробишта — наоѓалиште од непознат тип и период
- Бајрак — наоѓалиште од непознат тип и период
- Маркова Нога — наоѓалиште од непознат тип и период
Редовни настани
Личности
- Секула Јанчев Вељанов — македонски револуционер, илинденец.[16]
Култура и спорт
Во селото работи основно училиште до IV одделение и има продавница.
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads