Сенгелово
село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сенгелово (грчки: Άγκιστρο, Ангистро; турски: Çengel, Ченгел; до 1927 г. Τσιγγέλη, Τσιγγέλι, Цингели[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина, во северното подножје на Сенгелска Планина, непосредно до границата со Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Лежи 50 км северно од градот Сер. Во селото има и лековити минерални извори со температура од околу 38 °C, користени уште од древно време. Северно од Сенгелово тече реката Пиринска Бистрица.
Историја
Средновековие
Кај селото има минерален извор и среновековна бања. Во центарот стои старата средновековна кула од XIV век, подоцна претворена во саат-кула.[3]
На 3,5 км северозападно се наоѓа ранносредновековната тврдина Субаши.[3]
Во Отоманското Царство
Според предание запишано од Јордан Н. Иванов селото било напуштено во „чумните години“ пред доаѓањето на Османлиите, и на почетокот на XIV век некојси Ибрахим-паша Сенгел-бег го основал новото село. За да ги привлече македонците од околните села, тој во селото ја изградил старата црква „Св. Спас“.[4] Црквата „Св. Атанасиј“ е од средината на XIX век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Ченгел Калеси или Ченгел Ќој е посочено погрешно како малко муслиманско село со 50 домаќинства на 130 жители.[5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Сингелово, големо село во подножјето на истоимената планина, која тука се нарекува Беш. Околу Сингелово извираат изобилни води, кои се притоки на Бистрица. Реката Дели Крава мачно се прегазува со коњ. Патот што минува низ Рупелскиот Дервент е добар, рамен. Селаните се заимаваат со земјоделство. Богата почва со сè. Недалеку се наоѓаат минералните води. Црква, во која се служи мешано, и исто такво училиште со 40 ученици. 350 куќи Турци и 400 Македонци.[6][7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сенгелово живееле 1.200 Македонци, 200 Турци, 120 Власи и 130 Роми.[8][9]
Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сенгелево имало 1.536 Македонци егзархисти, 72 Власи и 18 Роми, а во селото работело бугарско училиште.[8][10]
До крајот на XIX и почетокот на XX век село Сенгелово било еден од важните центри на железната индустрија во областа Мрвачко. Во селото до средината на XIX век работел и самоков. Во рудниците некогаш се добивало и злато и сребро, за што сведочат старите галерии, наречени златници. Кај селото има огромни купишта згура, најголемите во цело Мрвачко.[4]
Во Грција

Во Првата балканска војна во 1912 г. Сенгелово е окупирано од VII Рилска дивизија на Бугарската армија. Тогаш селото имало 370–200 македонски, 70 турски, 70 ромски и 30 влашки куќи.[4] По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.190 жители.[11]
Во 1916 г. професорот Васил Златарски го посетил селото како учесник во научно-разузнавачката мисија во Македонија и Поморавјето приредена од воениот штаб. Во отчет до началникот тој напишал:
„ | Селото Ченгел е големо и богато; населението е македонско и зборува на серско наречје; имало и турци, но тие избегале уште во 1912 г.[8][12] | “ |
Според бугарски извори, во Првата светска војна голем дел од жителите се иселиле во Бугарија, и во селото наводно останале само 17 гркомански семејства. Македонскиот историчар Тодор Симовски го посочува пописот од 1920 г. каде вели дека тогаш биле заведени 965 жители, што би значело дека бројот на иселениците е драстично помал.[11] Во 1927 г. селото е преименувано во Ангистрон (кука)[13] а во селото се доведени грчки колонисти од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Сенгелово било мешано мештанско-дојденско село со вкупно 1.240 жители, од кои само 346 лица биле грчки дојденци, а остатокот македонски мештани.[14] Така селото повторно станало етнички мешано, но со голема бројна надмоќ на Македонците.
Потомците на бегалците од Сенгелово во Бугарија живеат во Свети Врач (Пиринска Македонија), Аспарухово (Варненско) и други.[15]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Атанасиј“ од XIX век
Личности
Поврзано
- Сенгеловска бања
- Сенгеловска саат-кула
- Субаши
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads