Славка Манева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Славка Манева (Скопје, 2 февруари 1934 - Скопје, 8 јануари 2010[1]) — македонска писателка.[2]
Животопис
Манева е родена во Скопје на 2 февруари 1934 . Завршила студии по книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела како професор по македонски јазик и литература во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје.[3] Починала во Скопје на 8 јануари 2010 година.[1].
Творештво
Манева пишувала поезија и проза за деца. Таа ги објавила следниве дела:[4]
- „Свирипиле“ (раскази за деца),
- „Џиџа“ (сказни),
- „Камчето на сакањето“ (сказна),
- „Волшебниот лифт“ (сказни),
- „Готварски сказни“ (раскази за деца),
- „Виножитото што пее“ (сказна),
- „Од дедо Марковото торбуле“,
- „Приказни без крај“ (сликовница),
- „Куќата на божилакот“
- „Ѕвездени перничиња“ (сказни).
Во библиотеката „Јунаци и јунаштва“ се објавени нејзните книги „Кирил Пејчиновиќ“ и „Климент Охридски“. Покрај тоа, Манева ја има подготвено и преведено антологијата на детскиот расказ „Децата на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеќе антологиски избори во Македонија. За книгата „Ѕвездени перничиња“, таа ја добила наградата „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија.[5]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads