Белче

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Белчеmap
Remove ads

Белче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Селото најпрвин запишано како Белче се сретнува во XVI век. Има две мислења за тоа како е добиено името. Првата е дека името потекнува од личното име Белко, Белчо. Втората е дека настанало придавка од белец, што може да значи бела земја или бел камен.[3]

Според верување прв го основал селото некој од родот Дранговци, кој побегнал поради убиство на Турчин, од селото Белче, кое тогаш се наоѓало во близина на денешното село Белчишта, Дебрца.[2]

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во Железник, во средишниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, на десниот брег на реката Црна, на 5 километри северно од општинското средиште, Демир Хисар.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри.[4]

Белче е со село со триесетина нови куќи, непосредно сместено до патот Битола-Кичево. Од градот Битола е оддалечено 30 километри. Се граничи со селата Прибилци и Сладуево на север, со селото Граиште на исток и со селото Слепче на југ и на запад.[2]

Во 1951 година селото добило електрична енергија, водовод има од 1978 година, а истата година добило и асфалтен пат.[2]

Сместено е во подножјето на ридот Илиница.[5]

Remove ads

Историја

Селото првпат се споменува во опширниот пописен дефтер од 1468 година, во кој се регистрирани вкупно 9 семејства и 2 вдовици, или вкупно околу 53 жители. Вкупно плаќале данок од 9.510 акчиња.[6] Во 1568 година селото броело околу 88 жители.[6]

Во XIX век, Белче било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од само 3 км2, при што преовладуваат шумите со 136,8 хектари, обработливото земјиште заземаат 89,7 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 59,4 хектари.[4]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[4]

Во селото се наоѓа фабрички погон, живинарска фарма (која не работи повеќе), 3 продавници, 1 превозник, 1 лимар и автомеханичар и 1 фризер.[2]

Населението се занимава со земјоделство и чува стока и домашни птици.[2]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Белче имало 100 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Белче имало 128 жители.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белче се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100Македонци.[10]

Селото е мало, но со пораст на бројот на население. Во 1961 година селото броело 170 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 208 жители, македонско население.[4]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 245 жители, сите Македонци.[11]

Според неофицијални податоци, во 2015 година во селото живееле над 250 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 210 жители, од кои 206 Македонци и 4 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

Белче е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[17]

  • Доселеници: Јоновци (1 к.), потекнуваат од селото Бабино. Од таму се иселиле во Обршани кај Прилеп. Па по некое време прешле во Белче; Величковци со Дрмоновци (5 к.), со непознато потекло. Некое време седеле и во Сопотница; Трајковци (2 к.), доселени се во 1903 година од селото Логоварди кај Битола; Јолевци и Дранговци (2 к.); Филиповци (1 к.), доселени се пред 1903 година од селото Единаковци; Лозановци (2 к.), потекнуваат од селото Вардино. Од таму се иселиле во селото Бучин кај Крушево. Па се населиле во Белче; Ничовци (4 к.), доселени се пред 1903 година од селото Стругово. Таму припаѓале на родот Гологановци; Лачовци и Милевци (1 к.), доселени се од селото Граиште. Таму припаѓале на родот Кордановци и Кочовци (1 к.), доселени се од селото Слоештица. Таму имале роднини.
Remove ads

Општествени установи

  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Белче, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Мургашево, во која влегувале селата Белче, Кутретино, Мургашево, Слепче и Суводол.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0620 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]

Редовни настани

Слави[2]

Иселеништво

Пред 1952 година, едно семејство од селото се има иселено во Бугарија.[17]

Потоа од Белче се иселиле над 30 домаќинства иселено и тоа најмногу во градовите Битола, Скопје и Демир Хисар, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads