Српци
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Српци (понекогаш нарекувано Горно Српци) — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола.
Историја
Во XIX век, Српци било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Српци имало 820 жители, сите Македонци христијани и 230 Албанци муслимани.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Мало Српци се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 53 куќи.[4]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Српци имало 576 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Власи.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Српци имало 65 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 39 Македонци и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Горно Српци или Српци е македонско православно село, родовите во селото поголемиот број се староседелски, а помалку доселенички.
- Староседелци: Јоновци (2 к.), Лазевци (2 к.), Гуле (1 куќа), Дамчевци (10 к.), Кумчевци (6 к.), Крстевци (5 к.), Гулабовци (5 к.),
Ѓореј (4 к.) (првично „Иванови“ од нив потекнува - Омраам Микаел Аиванов (Михаил Иванов, 1900-1986) — филозоф-мистик, ученик на Петар Данов[13] во род со битолскиот писател по потекло од Српци Тоде Ѓорески,
Барбовци (4 к.), Мишовци (3 к.), Златевци (3 к.), Скандиловци (2 к.), Радевци (2 к.), Шавкуловци (2 к.), Анѓелеј (1 к.), Шаковци (1 к.), Ѓорговци (1 к.), Трајановци (1 к.), Миленковци (10 к.), Зулумој (7 к.), Јончевци (7 к.), Јанаќој (6 к.), Бошевци (3 к.) и Вељановци (1 куќа). Родовите Јоновци, Лазевци и Гуле потекнуваат од ист предок, и родовите Скандиловци, Шаковци и Крстевци потекнуваат од ист предок.
- Доселенички: Обедниковци (3 к.) доселени се во првата половина од XIX век од селото Обедник во Железник. Го знаат следното родословие: Ташко (жив на 25 г. во 1951 година) Спиро-Коте-Ѓоргија, се доселил таткото на Ѓоргија; Јовчевци (2 к.) доселени се од некое село во Преспа; Тасевци (4 к.) доселени се од селото Рамна, таму биле староседелци; Дошлаковци (2 к.) доселени се од селото Завој во охридско; Колевци (4 к.), Каракли (3 к.), Балевци (2 к.), Ружој (2 к.) и Марковци (1 к.) доселени се однекаде; Влав (1 к.) потекнува од Влав, кој се доселил од Музакија во Албанија. Во Српци се оженил со Македонка, и сега во нивната куќа се зборува македонски.[14]
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Српци се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Рамна, Ротино и Цапари.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0211 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Грамадиште — населба од римско време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква; и
- Црква „Пресвета Богородица“ — манастирска црква.
Личности
- Родени во Српци
- Апостол Дошлаков — револуционер од ВМОРО;[20]
- Трајан Талев Ачески — револуционер од ВМОРО;[21]
- Лазар Кузев Дамчевски — револуционер од ВМОРО;[22]
- Петре Илијев Зулумов — револуционер од ВМОРО;[23]
- Јонче Трајчев Јанакиоски — револуционер од ВМОРО;[23]
- Ѓорги Кулевски — револуционер од ВМОРО;[24]
- Трајан Петров Марковски — револуционер од ВМОРО;[25]
- Видан Јанаќиевски — македонски партизан, учесник во НОБ.
- Омраам Микаел Аиванов (Михаил Иванов, 1900-1986) — филозоф-мистик, ученик на Петар Данов;
- Тоде Ѓорески —писател, новинар и библиофил
Remove ads
Иселеништво
До 1951 година од селото имало иселеници во Битола (6 семејства), САД (20 семејства), Бугарија (22 семејства), Охрид (1 семејство), Србија (1 семејство), Аргентина (1 семејство) и во Австралија (7 семејства).[26]
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, САД, Канада, Австралија и низ Европа.[27]
Галерија
- Селските гробишта
- Старото основно училиште
- Стари куќи
- Селските гробишта на влезот во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads