Хиперион (митологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во старогрчката митологија, Хиперион (/hˈpɪəriən/; грчки: Ὑπερίων, romanized: Huperíōn, "Високиот") бил еден од дванаесетте Титани деца на Геја (Земја) и Уран (Небо или Рај) кој, предводен од Крон, го тргнал татко му Уран од престолот. Со неговата сестра, титанката Теја, Хиперион ги создал Хелиј (Сонцето), Селена (Месечината) и Еос (Зората).[1]

Кратки факти Хиперион, Живеалиште ...
Remove ads

Митологија

Синот на Хиперион, Хелиј, во многу митолошки дела се наведува како Хелиј Хиперион (Ἥλιος Ὑπερίων, "Високо сонце"). Во Одисеја на Хомер, во Теогонија на Хесиод и Хомеровата химна за Деметра, Сонцето по еднаш во секое од делата е наречено Хиперионидес (Ὑπεριωνίδης, "Син на Хиперион"), а Хесиод со сигурност го замислува Хиперион како одвоено битие во другите дела. Во подоцнежната грчка литература, Хиперион секогаш се разликува од Хелиј. Хиперион е опишан со одлики на „Бог на мудроста и на светлината“ додека Хелиј подоцна станува физичка инкарнација на Сонцето. За Хиперион нема многу податоци во грчката култура и митологија и главно се појавува на списокот на дванаесетте Титани:

"За Хиперион ни е кажано дека бил првиот кој, со внимание и набљудување, го разбрал движењето на сонцето и на месечината и на другите ѕвезди, како и на сезоните. Ги сфаќал овие тела и тие факти им ги кажал на другите и од таа причина го викале татко на овие тела откако почнал да зборува за нив и за нивната природа."

Хиперион многу малку или речиси воопшто не се спомнува во Титаномахијата, епот во кој Олимпијците ги победиле Титаните и ги фрлиле во Тартар.

Како татко на Хелиј, императорот Јулијан во Хиперион го гледал како „првиот принцип,[2] макар што неговата релевантност во теургијата е непознатa.

Remove ads

Извори

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads