Тропски земји на Зимските олимписки игри

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тропски земји на Зимските олимписки игри
Remove ads

Иако традиционално поврзани со земји со студени клими, Зимските олимписки игри исто така имале учесници од неколку тропски земји. Типичната клима на овие земји не е погодна за учество во зимски спортови, и поради тоа ниту една тропска држава досега не освоила олимписки медал. Најверојатно поради тоа, нивните учества се предмет на интерес на гледачите за време на игрите.[1][2]

Thumb
Делегацијата на Гана влегува на стадионот за време на отворањето на Зимските олимписки игри 2010

Првата земја учеснички со топла клима на Зимските олимписки игри била Мексико. Голем дел од Мексико е на географска ширина северно од Северниот Повратник, и поголемиот дел од земјата има суптропски планински предели или степска клима, така што не е исклучиво тропска земја. Сепак, Мексико го остварил своето зимско деби на Зимските олимписки игри 1928[3] со боб екипа од пет лица која завршила на единаесеттото место на поредокот.[4] Мексико не се вратил на Зимските олимписки игри сè до игрите во 1984 одржани во Сараево.[5]

Првата целосно тропска земја која се натпреварувала на Зимски олимписки игри се Филипините, кои испратиле двајца алпски скијачи на Зимските олимписки игри 1972 во Сапоро, Јапонија.[6] Бен Нанаска завршил на 42. место во велеслалом (од 73 натпреварувачи), а Хуан Сипријано не ја завршил трката. Во слаломската трка ниту еден од двајцата скијачи не ја завршил трката. Костарика станала втората тропска земја која учествувала на Зимски олимписки игри, во 1980 во Лејк Пласид,[7] каде Артуро Кинч исто така се натпреварувал во алпско скијање. Кинч уште трипати настапил за Костарика на Зимските олимписки игри, вклучувајќи ги игрите во 2006 на 49-годишна возраст. Таму тој завршил на 96. место на трката на 15 км скијачко трчање.[8]

На Зимските олимписки игри 1988 одржани во Калгари, Канада се појавиле голем број на тропски земји: Костарика, Фиџи, Гуам, Гватемала, Јамајка, Холандските Антили, Филипините, Порторико и Американските Девствени Острови.[9] Јамајската боб-екипа станала фаворит на навивачите на овие игри[10] и била инспирација за филмот Реге на мраз. На игрите во 1994, шест години подоцна, јамајската екипа завршила на солидното 14. место, пред САД и Русија, додека пак боб санкачот Ласелес Браун освоил сребрен медал настапувајќи за Канада во 2006 година.

Зимските олимписки игри 2006 одржани во Торино, Италија го обележале зимското деби на Етиопија[2] и Мадагаскар.[11] На игрите во 2010 одржани во Ванкувер, Канада, деби настап забележале Кајманските Острови, Колумбија, Перу,[12] и Гана, а четири години подоцна на [13] игрите во Сочи деби настап забележале Доминика, Источен Тимор, Того и Тонга.

Remove ads

Список на тропски земји учеснички

Thumb
Светската карта со тропскиот појас означен со црвена боја
Thumb
Светската карта со тропски килими означени со црвена боја

Овој список на држави ги вклучува оние кои лежат целосно или претежно низ тропскиот појас и исто така имаат главно тропска клима согласно со кепенова класификација на климата.

Африка
 Камерун (CMR)2002
 Етиопија (ETH)2006–2010
 Гана (GHA)2010
 Кенија (KEN)1998–2006
 Мадагаскар (MAD)2006
 Сенегал (SEN)1984, 1992–1994, 2006–2010
 Того (TOG)2014
 Зимбабве (ZIM)2014
 
Кариби
 Британски Девствени Острови (IVB)1984, 2014
 Кајмански Острови (CAY)2010–2014
 Доминика (DMA)2014
 Јамајка (JAM)1988–2002, 2010–2014
 Холандски Антили (AHO)1988–1992
 Порторико (PUR)1984–2002
Податотека:Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго (TRI)1994–2002
 Девствени Острови (ISV)1988–2006, 2014
 
Средна и Јужна Америка
 Боливија (BOL)1956, 1980-1992
 Бразил (BRA)1992–2014
 Колумбија (COL)2010
 Костарика (CRC)1980–1992, 2006
 Гватемала (GUA)1988
 Хондурас (HON)1992
 Парагвај (PAR)2014
 Перу (PER)2010–2014
 Венецуела (VEN)1998–2006, 2014
 
Океанија
 Американска Самоа (ASA)1994
 Фиџи (FIJ)1988, 1994, 2002
 Гуам (GUM)1988
 Тонга (TGA)2014
 
Азија
 Хонгконг (HKG)2002–2014
 Филипини (PHI)1972, 1988–1992, 2014
 Тајланд (THA)2002–2006, 2014
 Источен Тимор (TLS)2014

Други земји со топли временски услови (на пример сместени во суптропскиот појас) кои се натпреварувале на Зимските олимписки игри се Австралија, Бермуди, Кинески Тајпеј, Хонгконг, Индија, Мексико, Јужноафриканската Република, Свазиленд, Уругвај и неколку северноафрикански земји како Алжир, Египет и Мароко.

Remove ads

Познати натпреварувачи од тропски земји

Thumb
Филип Бојт беше првиот кениец кој учествувал на Зимски олимписки игри
Thumb
Ламине Гуеје, првиот црн африкански скијач кој учествувал на Зимски олимписки игри
Thumb
Мајкл Кристијан Мартинес, првиот јужноисточен азијец и филипинец кој се натпреварувал во уметничко лизгање. Тој исто така е првиот натпреварувач во уметничко лизгање од тропската зона кој учествувал на Зимски олимписки игри
Повеќе информации Име, Држава ...
Remove ads

Зимски параолимписки игри

До 2014 година, само две тропски земји испратиле свои натпреварувачи на Зимски параолимписки игри.[14] Тофири Кибука од Уганда се натпреварувал во скијачко трчање на воведното издание на Зимските параолимписки игри во 1976 и повторно на игрите во 1980 година. Откако Кибука добил норвешко државјанство, тој започнал да се натпреварува за Норвешка почнувајќи од 1984 година, и успеал да освои неколку медали на следните игри на кои настапил. Бразил испратил двајца натпреварувачи на својот прв настап на Зимските параолимписки игри 2014.

Африка
 Уганда1976–1980
Средна и Јужна Америка
 Бразил2014
Повеќе информации Име, Држава ...

Зимски младински олимписки игри

Пет тропски земји настапиле на првите зимски младински олимписки игри во Инсбрук, Австрија.

Африка
 Еритреја (ERI)2012
 
Кариби
 Кајмански Острови (CAY)2012
 
Средна и Јужна Америка
 Бразил (BRA)2012
 Перу (PER)2012
 
Азија
 Филипини (PHI)2012

Поврзано

  • Список на земји учеснички на Зимските олимписки игри
  • Реге на мраз

Белешки

  1. Браун се натпреварувал за Јамајка на игрите во 2002 година, но се натпреварувал за Канада од 2006 година.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads