Руј Кошта (велосипедист)
португалски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Руј Алберто Фарија да Кошта (португалски: Rui Alberto Faria da Costa; р. 5 октомври 1986 во Повоа де Варзим[2]) — португалски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[3] Тој е најпознат по освојувањето на Светското друмско првенство 2013 во Тоскана, Италија – прв Португалец што успеал во тоа, Гран при Монтреал 2011 и три етапи на Тур де Франс во 2011 и 2013, како и изданијата на Тур де Свис во 2012, 2013 и 2014, станувајќи првиот велосипедист кој ја освојувал трката три години по ред.[4]
Remove ads
Ран живот и аматерска кариера
Кошта ја започнал неговата кариера кај Гвилхабру-Вила до Конде, потоа заминал во Санта Марија да Фира.
Професионална кариера
Рани години

Станал професионален велосипедист со СЛ Бенфика во 2007, а потоа се приклучил кон Кес д’Епарњ во 2009.
Во 2009 година, Кошта ја освоил Четири дена Динкерк по освојувањето на осмата етапа на Тур де Свис 2010. На националните првенства во јуни 2010, Кошта и неговиот брат Марио биле позитивни на забранетата супстанца метилхексанамин,[5] за кои тие тврделе дека невнимателно го внеле преку храната. Понатамошните испитувања покажале дека се во право,[6] и повторно потпишале со нивната поранешна екипа, сега позната како Мовистар Тим, во април 2011 по пет месеци суспензија.[7]
2011

Во 2011 година, Кошта многу добро се покажал на Вуелта а ла Комунидад де Мадрид: по двете втори места на првата и третата етапа, го освоил генералниот пласман.[8] Подоцна во сезоната, Кошта се издвоил од главната група и возел сам на етапата 8 на Тур де Франс 2011.[9][10] Подоцна во 2011, Кошта победил на Гран при Монтреал, спринтајќи откако направил бегство од групата. Тој го победил неговиот колега од бегството Пјерик Федриго. Двајцата биле достигнати од Филип Жилбер, кој го направил последниот напад, но дошол две секунди зад него.[11]
2012

Во 2012, Руј Кошта завршил трет во генералниот пласман на Тур де Романди.[12] Ја освоил втората етапа на Тур де Свис и успешно ја бранел жолтата маичка до крајот на трката.[13] Ги зачувал неговите 14 секунди предност во генералниот пласман пред второпласираниот Френк Шлек на последната етапа, каде Луксембуржанецот нападнал на падините на преминот Глаубенберг. Шлек се искачувал до врвот со предност од една минута пред Кошта, но бил достигнат во текот на спустот од мала група составена од португалскиот возач. Двоецот ја завршил етапата со исто време.[14] По важната победа изјавил: „Сакам ова да го посветам на мојата екипа, бидејќи колегите работеа извонредно цела недела. Немам зборови да го опишам.“[15] Кошта се упатил на Тур де Франс како поддршка на неговиот водач Алехандро Валверде, но падовите и несреќите го уназадиле Валверде,[16] кој сепак успеал да освои етапна победа и завршил 20. во генералниот пласман. Кошта бил подобро пласиран од неговиот капетал во генералниот пласман на 18. место.[17] Потоа учествувал на ГП Уест-Франција, каде се изборил за второто место на францускиот класик. Побегнал на последното искачување на денот на 5 километри до крајот, но возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген го поминал во последниот километар, а Кошта го зачувал неговото второ место, додека групата ја поминувала целта зад него.[18] Во септември, се упадил во канадската провинција Квебек да учествува на двете трки од Светската турнеја. Го освоил третото место на Гран при Квебек, победувајќи во спринтот на групата од 16 возачи во брза потера по двајцата бегалци, Сајмон Геранс и Грег ван Авермат, кој завршил 4 секунди пред Кошта.[19] Два дена подоцна, целел на одбрана на неговата титула на Гран при Монтреал, но завршил осми, уште еднаш со 4 секунди зад победникот, Ларс Петер Нордхауг.[20] Ја завршил сезоната во Кина на Трката околу Пекинг, постигнувајќи уште еден пласман во првите десет (деветто место).
2013
Во 2013, Кошта ја започнал годината со победа на Класика Примавера и завршил на третото место на Тур де Романди, додека целел да ја одбрани победата на Тур де Свис.[21] Подоцна успешно ја одбранил титулата по освојувањето на седмата етапа, преземајќи ја жолтата маичка од Матијас Франк откако ја освоил последната етапа, ридски хронометар.[22] На Тур де Франс, Кошта по Пиринеите бил во првите десет. На етапата 13, Кошта загубил близу десет минути во обидот да му помогне на неговиот екипен предводник, Валверде. На етапата 16, Кошта завршил во бегство, откако нападнал на последното искачување на етапата, Кол де Мансе пред завршниот спуст и завршил сам во Гап.[23] Исто така му била доделена наградата за борбеност на таа етапа. Неколку дена подоцна, Кошта ја освоил етапата 19 откако избегал од водечката група на Кол де ла Кроа Фри, завршувајќи повторно сам на Ле Гран-Борнан.
Кошта го освоил Светското друмско првенство 2013 во Тоскана, Италија, станувајќи првиот Португалец кој некогаш ја облекол маичката виножито. По трката, Кошта изјавил: „По Тур, целта беше да отидам на Светското првенство во најдобар форма и да имам добра трка. Но, никогаш не помислив дека можам да освојам трка олку важна како оваа. Ова ми значи сè. Тоа е награда за животниот напор и тешката работа“.[24][25]
Кошта го напуштил Мовистар Тим[26] на крајот на сезоната 2013 и ќе му се приклучи на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[3]
2014

Кошта ја започнал сезоната во 2014 со третото место и освојувањето на бодовниот пласман на Волта ао Алгарве.[27] Потоа завршил втор во генералниот пласман на Париз-Ница и трет во генералниот пласман на Тур де Романди трета година по ред.[28][29]
Првата победа во сезоната на Кошта во дресот на светски првак дошла на последната етапа на Тур де Свис. Со оваа победа, Кошта ја преземал жолтата маичка од Тони Мартин и успешно ја одбранил неговата титула, станувајжи првиот велосипедист кој ја освоил трката три години по ред.[30]
Кошта започнал на Тур де Франс со високи надежи, целејќи на подиум, но започнал да губи време во однос на другите поради неготиот бронхит.[31] Во текот на вториот ден за одмор, неговата здравствена состојба се влошила и му била дијагностицирана бронхопневмонија. Наоѓајќи се на 13. место во генералниот пласман, Кошта бил приморан да го напушти Тур.[32] Се вратил на трките на ГП Западна Франција, завршувајќи на 92. место, 11 секунди зад победникот Силвен Шаванел.[33] Потоа, Кошта настапил на Гран при Квебек и Гран при Монтреал, обезбедувајќи го второто место на втората трка, зад Сајмон Геранс.
Кошта учествувал на Светското друмско првенство во Понферада, Шпанија, со цел да ја одбрани неговата титула од минатата година; завршил на 23. место, седум секунди зад победникот и негов наследник, Михал Квјатковски од Полска.[34][35]
2015
Кошта го освоил четвртото место во генералниот пласман на Париз-Ница и тоа било прв негов забележителен резултат во сезоната, благодарение на третото место на хронометарот до Кол д’Ез.[36] Завршил седми на планинската Трка околу Баскија. Исто така го освоил четвртото место на Амстел Голд Рејс, каде победил Михал Квјатковски.[37] Една недела подоцна повторно стигнал до четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж. Одлучил да не ја одбрани титулата на Тур де Свис, која ја освоил трипати по ред и наместо тоа учествувал на Критериум ди Дофине.[38] Кошта ја освоил шестата етапа на трката откако бил во бегство поголем дел од етапата, поминувајќи го Винченцо Нибали близу целта.[39] Една недела пред Тур де Франс, Кошта го освоил националното друмско првенство. На Тур де Франс се повлекол поради повреди здобиени во пад, доведувајќи го да објави дека во иднина ќе вози за етапни победи.[40]
2017
Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[41]
Remove ads
Достигнувања
- 2007
- 1. Краен пласман Џиро деле Реџиони
- 2008
- 2. Краен пласман Џиро деле Реџиони
- 1. Етапа 4
- 2. Краен пласман Куп на народите
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 2. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 5. Светски друмски првак (под 23 години)
- 8. Светски хронометарски првак (под 23 години)
- 2009
- 1.
Краен пласман Четири дена Динкерк
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Вуелта Чихуахуа Интернасионал
- 2010
- 1. Вуелта а Мајорка
- 1. Етапа 8 Тур де Свис
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 6. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2011
- 1. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 1. Етапа 8 Тур де Франс 2011
- 1. Гран при Монтреал
- 2012
- 1.
Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 2
- 2. ГП Уест-Франција
- 2. Вуелта а Мајорка
- 3. Краен пласман Тур де Романди
- 3. Гран при Квебек
- 4. ГП Мигел Индуран
- 5. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 8. Гран при Монтреал
- 9. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 2013
- 1.
Светско друмско првенство
- 1.
Национално хронометарско првенство
- 1.
Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 9 (ITT)
- 1. Класика Примавера
- Тур де Франс
- 3. Краен пласман Тур де Романди
- 4. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 4. Трофео Сера де Трамунтана
- 5. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 5. Гран при Квебек
- 6. Гран при Монтреал
- 9. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2014
- 1.
Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 9
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 2. Гран при Монтреал
- 3. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 3. Краен пласман Тур де Романди
- 3. Џиро ди Ломбардија
- 4. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 2015
- 1.
Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 6
- 3. ГП Монтреал
- 4. Краен пласман Париз-Ница
- 4. Амстел Голд Рејс
- 4. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 7. Краен пласман Трка околу Баскија
- 9. Светско друмско првенство
- 2016
- 3. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 5. Краен пласман Трка околу Оман
- 6. Европско друмско првенство
- 6. Краен пласман Тур де Романди
- 7. Краен пласман Трка околу Баскија
- 7. Краен пласман Тур де Свис
- 10. Олимписка друмска трка
- 10. Краен пласман Париз-Ница
- 10. Флеш Валон
Награда за борбеност на етапа 19 Тур де Франс
- 2017
- 1.
Краен пласман Трка Абу Даби
- 1. Етапа 3
- 2. Краен пласман Трка околу Оман
- 5. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
- 1. Етапа 5
- 5. Краен пласман Тур де Свис
- 10. Краен пласман Трка околу Полска
- 2018
- 5. Краен пласман Тур де Романди
- 6. ГП Монтреал
- 8. Краен пласман Трка Абу Даби
- 10. Краен пласман Трка околу Оман
- 10. Светско друмско првенство
- 2019
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 4. Краен пласман Трка околу Оман
- 7. ГП Монтреал
- 10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 10. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 10. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 10. Светско друмско првенство
- 2020
- Национални првенства
- 3. Краен пласман Трка околу Саудиска Арабија
- 1. Етапа 1
- 3. Краен пласман Тур де Лимузен
- 4. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 10. Краен пласман Трка околу Полска
Распоред на резултатите
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Распоред на резултатите на класиците
Резултати на првенствата
Награди
- Португалски спортист на годината (португалски: Prémio Desportista Masculino do Ano): 2012, 2013, 2014
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads